Постојат многу позитивни страни да се биде жена, како фактот дека голем дел од нашите тела имаат магична способност да израснат ново човечко суштество и да создадат млеко за да го исхранат. Или пак, тоа што можеме да се соединиме како пол и да се бориме за тоа во што веруваме. Но, како и со сè друго во животот, има и многу лоши страни.rnrn
rnrnРазликата во платите кај мажите и жените е уште на високо ниво, па жените губат многу пари поради тоа. Од друга страна пак, иако постојано се бориме за ова, жените уште се казнувани во нивната кариера кога ќе решат да земат малку слободно време за да имаат деца. Сето ова се случува во 21-ви век!rnrnПокрај овие големи проблеми, жените исто така се соочуваат и со некои секојдневни маки, предизвикани од луѓето околу нив. Со цел да се откријат најнавредливите 35, била спроведена студија на 2.000 милениумки ширум светот кои требале да одговараат прашања за нивните секојдневни животи. Еве ги нивните одговори:rnrn1. Кога им испраќаат експлицитни фотографии, без тие да ги побараатrnrn2. Кога плаќаат дополнителен данок за продукти за женска хигиенаrnrn3. Секоја изјава дека жените се лоши шофериrnrn4. Прашањето дали минуваат низ „оној“ период од месецотrnrn5. Кога не се платени исто колку нивните машки колегиrnrn6. Кога им пристапуваат во бар само затоа што се излезени самиrnrn7. Кога им пишуваат приватни пораки на Линкединrnrn8. Кога им велат да се расположат бидејќи „може никогаш нема да се случи“rnrn9. Кога им велат да се смират малкуrnrn10. Кога им се обраќаат на нивните гради наместо на нивrnrn11. Преработени фотографии од жени во Фотошопrnrn12. Кога им свиркаат на улицаrnrn13. Кога им велат дека им отчукува биолошкиот часовникrnrn14. Прашањето кога планираат да останат бремениrnrn15. Прашањето зошто уште немаат децаrnrn16. Кога продавачите инсистираат да зборуваат со нивниот партнер наместо со нивrnrn17. Кога политичарите дебатираат за правото на избор на женитеrnrn18. Кога им објаснуваат веќе разбирливи нештаrnrn19. Кога ги нарекуваат „срце“, „мила“, „душо“ луѓе што не им се блискиrnrn20. Кога партнерот едноставно ќе престане да им одговара на поракитеrnrn21. Претпоставката дека не се главата на семејствотоrnrn22. Роденденски подароци за во кујнаrnrn23. Прашањето дали градите им се вистинскиrnrn24. Трендот дека не треба да имате долга коса по 50 годиниrnrn25. Изјавата дека имате добри колкови за породувањеrnrn26. Кога се нарекуваат домаќинкиrnrn27. Кога им велат дека изгледаат одлично за нивните годиниrnrn28. Кога ги оставаат со сопругите на пријателите на мажотrnrn29. Кога келнерите претпоставуваат дека салатата е вашиот избор за оброкrnrn30. Реклами против стареењеrnrn31. Кога шанкерот претпоставува дека сакаат послаб пијалакrnrn32. Кога келнерот претпоставува дека мажот треба да ја плати сметкатаrnrn33. Кога им пристапуваат за време на вежбање во теретанаrnrn34. Претпоставката дека треба да се смени презимето по бракотrnrn35. Кога се очекува да го организираат сами семејниот календарrnrnПрочитајте и за овие 10 страшни проблеми со кои жените секојдневно се соочуваат, а мажите не ги сфаќаат сериозно.
35 нешта што жените денес ги сметаат за најнавредливи
