КАФЕ ПАУЗА

Од 1970-та година до сега, уништени се 60% од дивиот свет

Од 1970-та година до сега, уништени се 60% од дивиот свет

Научниците ширум светот го предупредија човештвото во полугодишниот извештај за намалување на биодиверзитетот на Земјата. Според извештајот, околу 60% од сите цицачи, птици, риби и влекачи се уништени од човечки фактори од 1970-та година до денес.rnrnОд 1970-та година до сега, уништени се 60% од дивиот светrn

„Она што станува појасно е дека човечкиот развој и здравје зависат од здрав природен систем. Не можеме да уживаме во едното без другото.“ – Светскиот фонд за див свет

rnСветскиот фонд за див свет детално покажува како неконтролираното консумирање на земјата, храната и природните ресурси од страна на луѓето отстранило поголем дел од дивиот свет на планетата. Ова претставува закана како за животните, така и за човечката цивилизација.“rn

„Слепо се движиме кон работ од карпата. Ако имаше исчезнување на 60% од човечката популација, тоа би било како да ги испразните Северна Америка, Јужна Америка, Африка, Европа, Кина и Океанија. Ете колку штета сме направиле“, изјавил Мајк Берет, директор за наука и конзервација во Светскиот фонд за див свет.

rnКитовите убијци биле именувани како вид кој е во најголема опасност од истребување поради изложеност на хемикалии користени од луѓето. Светот од слатката вода и животните во Централна и Јужна Америка страдаат најмногу од човечката активност во изминативе пет децении.rn

„Намалувањето на популацијата на животни е особено изразена во тропските предели. Најголемо намалување има во Јужна и Централна Америка – загуба од 89% во споредба со 1970-та година. Видовите од слатките води исто така се со намален број, односно 83% од 1970-та година.“

rnУништувањето на живеалиштата во дивиот свет е најголемата причина за истребувањето бидејќи моментално луѓето користат околу три четвртини од површината на Земјата за агрикултура, индустрија и други намени. Масовното убивање на животните за храна е втората најголема причина за истребувањето и околу 300 видови цицачи се „изедени до истребување“.rn

„Ова е класичен пример каде што исчезнувањето е резултат од нашето консумирање.“

rnИстражувањето нагласува дека има потреба од промена не затоа што идните генерации нема да можат да видат животни како слонови, поларни мечки и други загрозени видови, туку дека преживувањето на екосистемот на планетата е клучно за опстанокот на човекот.rn

„Природата придонесува за човечкото здравје културно и духовно, како и со производството на храна, чиста вода и енергија и контролирајќи ја климата, загадувањето и поплавите на Земјата. Извештајот јасно покажува дека човечката активност ја уништува природата со неприфатлива брзина, заканувајќи им се на сегашните и на идните генерации“, изјавил професор Роберт Вотсон кој работел на истражувањето.rnrn„Природата не е само убаво да ја имаме, таа е нашиот систем за животна поддршка.“

rnМногу научници веруваат дека истражувањата од овој вид ни покажуваат дека нè чека шесто масовно истребување – теорија според која Земјата ќе се соочи со првото масовно истребување предизвикано од само еден вид што ја населува. Губењето на целиот живот на Земјата би можело да настане како комбинација од последиците од човечката активност, вклучувајќи и затоплување на планетата и губење на биодиверзитетот.rn

„Големото забрзување и брзите социјални, економски и еколошки промени што ги има предизвикано, ни покажуваат дека сме сред голем пресврт. Некои од овие промени се позитивни, некои негативни, а сите тие се поврзани.“

rnПогледнете и кои видови храна ѝ штетат на природата повеќе отколку што мислите.