21. Да користите пцовки
rnБидете дами, а ако некој/нешто ве изнервира, културно кажете му каде му е местото.rn
22. Да бркате „лоши момци“
rnЗнаете дека се извор на сите нервози и проблеми во вашиот живот. Тие се забавни додека сте тинејџерки, после тоа веќе ви треба стабилна личност.rn
23. Да останете во лоша врска
rnНе трошете го времето на врска која очигледно не ви годи и нема иднина. Не присилувајте се себеси да останете во врска поради која било причина.
rn
24. Да претерувате со енергетските пијалаци или алкохол
rnНаместо тоа исцедете свеж сок од портокал и бидете физички активни. Благодетите се многу побројни. А што се однесува до алкохолот, иако го прави целиот свет околу вас многу поубав, не е во ред да бидете мамурни секој втор ден.
25. Да носите неудобни обувки
rnНе купувајте превисоки штикли во кои не можете да се движите само затоа што биле на попуст или затоа што ви одговараат на некое парче. Да, можеби тие се навистина тренди, но зошто да ја саботирате вашата способност да се движите нормално?rn
26. Да го запоставувате семејството
rnСемејството е на прво место. Точка.rn
27. Да спиете до пладне
rnЌе се случи понекогаш, но не смее секогаш. Имајте дневна рутина и не го отспивајте денот кога може да направите толку многу нешта наместо да останете во кревет.
rn
28. Да праќате „пијани“ пораки
rnПомина времето кога бевте тинејџерки и знаевте да пратите по некоја „пијана“ глупост. Вие сте возрасни и независни жени, имајте самопочит.rn
29. Да носите само сигурни бои
rnКремот и праска боја се навистина нежни и женствени, но одвреме-навреме „одлепете“ со некоја друга боја, чисто да разбиете монотонија.rn
30. Да озборувате
rnПокажете дека сте поголеми личности и не зборувајте зад грб. Знаете дека тоа е невкусно и дека сте многу подобри од тоа. Ако имате проблем со некого, кажете му го тоа во лице.

