rnrn
11. Да избегнувате комплименти
rnПрифаќајте ги комплиментите кои ви ги упатуваат. Се спремавте со саати и навистина изгледате добро. Речете „благодарам“ наместо да ја веднете главата надолу.rn
12. Да се плашите да го истакнете вашиот стил
rnСакате високи потпетици и големи торби, покажете го тоа! Се чувствувате удобно во широки пантолони и големи шарени блузи, бидете слободни во своја кожа.rnrn
rnrn
13. Да чекате тој да го направи првиот чекор
rnБидете „мажи“ и поканете го на состанок. Нема правила. Ако ништо друго ќе имате нов пријател што не е на одмет.rn
14. Неодговорно да се изложувате на сонце
rnЗаштитни креми и масла се нешто што треба да го понесете со себе на плажа. Не се препекувајте на сонце и бидете одговорни. Вашата кожа ќе ви биде благодарна и ќе ви возврати за грижата.rn
15. Да го прилагодувате вашето тело на купената облека
rnПрестанете да купувате едно бројче помало со желба да ослабете. Секако, тоа е мотивирачки, но облеката треба да ви одговара вам, а не вие неа. Затоа се произведуваат разни големини.rnrn
rn
16. Да ги одложувате своите обврски
rnБидете одговорни, посветени, присутни и насочени кон успех. Веќе градите кариера и времето кога можевте да „забушавате“ е зад вас. Сега вашата конкуренција е толпа народ спремна да ве згазне при првата грешка.rn
17. Да се дружите со лицемерни и токсични пријатели
rnМожеби се дружите со години, но тие се промениле или пак сфаќате дека не ви одговараат повеќе. Има прекрасни и искрени пријатели кои би сториле сè за вас и кои ве мотивираат, а не ви ја цицаат позитивната енергија.rn
18. Напразно да ветувате
rnБидете човек од збор. Ако сте ветиле нешто дадете сè од себе да го исполните. Вашиот збор нека има тежина.rnrn
19. Да живеете во здодевен дом
rnНаправете промена, внесете нови бои и мебел. Обрнете внимание на местото каде живеете и престанете да се однесувате како тоа да е само место за привремен престој. Дури и ако планирате да се отселите за некоја година, сепак заслужувате да живеете во убав, удобен и топол дом.rnrn
rn
20. Да ја чувате облеката за посебни пригоди
rnВо ред, некогаш навистина има посебни пригоди и новиот фустан најдобро ќе биде прв пат да го облечете на свадбата на вашата другарка. Но, за сè останато престанете да чекате. Тие нови пантолони убиствено ви стојат, кога планирате да ги облечете?rnrn
