Постојат неколку трикови за правилно нанесување течна пудра кои секоја жена треба да ги знае. На овој начин не само што ќе постигнете природен изглед, туку и ќе изгледате подобро од било кога претходно. Погледнете.rnrn
rnrnПравило #1 – Пред нанесување на пудрата темелно измијте го лицето. Дури и најмалите нечистотии можат да придонесат таа да изгледа нерамномерно.rnrnПравило #2 – Одлучете како ќе ја нанесете пудрата: со рака, со помош на сунѓерче или со четка.rn
- rn011
- Нанесување со рака: Со врвот на прстите малку загрејте ја пудрата, а потоа нанесете ја на лицето почнувајќи од вилицата нагоре кон носот, па сè до челото. Откако ќе ја нанесете, нежно тапкајте по кожата со цел да ја зголемите циркулацијата и да постигнете розов сјај.
- Нанесување со сунѓерче: Прво нанесете мала количина од пудрата на вашата дланка, а потоа на сунѓерчето. Со негова помош нанесете ја на лицето на истиот начин како да го правите тоа со рака, од брадата кон челото. Доколку сакате да постигнете поблаг и потранспарентен ефект, натопете го сунѓерчето со вода пред нанесување на подлогата.
- Нанесување со четка за шминкање: Со заоблена четка нежно масирајте ја пудрата на вашето лице, повторно започнувајќи од вилицата, кон образите, носот, па челото.
rn011
rn011
rn
rnПравило #3 – За постигнување природен ефект, потребно е да ја изберете соодветната нијанса на пудра. Токму затоа секогаш одбирајте на дневна светлина и внимавајте таа да не биде премногу темна или светла во однос на вашата кожа!