КАФЕ ПАУЗА

3-те лоши навики од кои се откажале Марк Кубан, Елон Маск и Бил Гејтс пред да станат успешни

3-те лоши навики од кои се откажале Марк Кубан, Елон Маск и Бил Гејтс пред да станат успешни

Written by

in

,

Според експертите, постојат навистина лоши навики од кои би требало да се откажете доколку сакате да станете успешни. Ова се навики кои ги имале и некои од најуспешните луѓе, но ја сфатиле штетата што ја предизвикуваат и успешно се ослободиле од нив. Погледнете за кои станува збор.rnrnrn

1. Престанете да одолговлекувате

rnСите сме виновни за одолговлекување на некоја задача што не сакаме да ја завршиме. Истото го правел и Бил Гејтс додека бил млад. Додека студирал на Харвард, постојано ги одолговлекувал работите. Дури изјавил дека бил познат како „момчето што не правело ништо до последната минута“.rnrnНо, се соочил со реалноста кога влегол во светот на бизнисот и кога сфатил дека крајните рокови се навистина важни. Тој изјавил дека никој не го ценел поради неговото одолговлекување, па решил да се ослободи од оваа навика, станал поорганизиран и секогаш ги завршувал обврските навреме.rn

2. Ослободете се од зависноста од кофеин

rnМногу луѓе зависат од нивната доза кофеин за да го преживеат денот. Елон Маск има изјавено дека работел и до 120 часа неделно, а недостатокот од спиење го надополнувал со кофеин.rn

„Имаше периоди кога пиев 8 лименки Кока-кола на ден или нешто слично. Денес овој број е намален на една или две.“

rnЕлон имал вистински проблем со зависноста од кафе. Толку многу претерувал со овој пијалак што дури и се однесувал чудно. Премногу кофеин е навистина лошо за вашето тело и само го зголемува стресот и анксиозноста. Обидете се да го замените кафето со повеќе вода.rn

3. Лоша комуникација

rnВикањето не е добар начин да ја објасните вашата поента, а Марк Кубан често имал проблеми со неговиот темперамент. Тој изјавил дека редовно му викал на неговиот партнер Мартин Вудал.rn

„Се полудувавме. Постојано ми викаше за тоа колку сум несмасен, а јас пак му викав бидејќи испушташе навистина големи можности.“

rnСо текот на времето Марк сфатил дека викањето предизвикувало повеќе штета отколку корист.rn

„Тоа само го зголемува стресот. Кога го зголемувате стресот, вашата и продуктивноста на луѓето околу вас значително се намалува.“

rnДознајте и кои се стратегиите за успех на ментално силните луѓе.