КАФЕ ПАУЗА

3 совети за вашите миленици да се чувствуваат удобно кога се сами дома

Written by

in

,

Вашиот домашен миленик е дел од вашето семејство. Уште повеќе, тој е дел од вашата личност. Затоа е сосема природно она непријатно чувство на вина кога излегувате од дома и го оставате вашето крзнено пријателче само.rnrn3 совети за вашиот миленик да се чувствува удобно кога е сам домаrnrnВистината што го кине срцето е дека вашето милениче навистина не ужива кога вие не сте дома. Секоја минута од вашето отсуство е полоша од претходната. Но, бидејќи не можеме да не излегуваме од дома, сите сме принудени да прифатиме дека едноставно не е возможно цело време да сме покрај нив.rnrnНе очајувајте, на крајот на денот сѐ ќе биде во ред. Најпрво погледнете во фотографијата од вашиот миленик за да ја вратите насмевката на вашето лице. Второ, ако мислите дека не се доволни старите начини да му го олесните животот на вашето милениче додека ве нема, како тоа да сте сигурни дека има доволно храна и вода, или да му оставите доволно играчки за да се занимава, тогаш внимателно прочитајте ги следните предлози.rn

1. Оставете го светлата вклучени кога излегувате од дома

rnВашиот миленик ја чувствува тежината на вашето отсуство повеќе од вас. Со оглед на тоа дека ние знаеме кога ќе се вратиме, без разлика дали се работи за минути или часови, вашиот миленик не може да биде сигурен. Грижата дека е напуштен уште повеќе се зголемува со темнината и тоа може дополнително да го вознемири. Вклучените светла на вашиот миленик му даваат чувство дека сѐ е нормално, па затоа е и помирен.rn

2. Вклучете го телевизорот за да му го одвлекувате вниманието

rnДали вашиот миленик е фан на спортот или на сапунски опери? Да бидеме искрени, веројатно ни на едното ни на другото, но истражувањата покажуваат дека милениците уживаат кога е вклучен телевизорот во вашиот дом.rnrnНајчесто животните имаат беспрекорен слух, но оваа природна способност може да има лошо влијание на вашите крзнени пријатели кога се сами дома. Кога вашиот миленик е нервозен, секој звук од надвор, но и од внатрешноста на станот е засилен до непријатно ниво. Резултатите од истражувањата сугерираат дека вклучениот телевизор го враќа нормалното ниво на звук во домот, овозможувајќи му на вашиот миленик да не се чувствува толку осамено и да не се фокусира на страшните звуци.rn

3. Надгледувајте ги неговите движења за да бидете подготвени во случај на опасност

rnВашето милениче може да биде само, но тоа не мора да значи дека е осамено. Секогаш може да внимавате на него преку систем за надгледување кој ќе ви испраќа видео известувања на вашиот телефон. Во случај на некаква незгода, може веднаш да реагирате, наместо да се чудите што се случило кога ќе се вратите дома. Секако, ова повеќе ќе ве смири вас, отколку вашите миленици, но ако се случи некаква несреќа, тие во секој случај ќе бидат среќни ако реагирате брзо.