Доколку купивте нови шолји за кафе, а мислите дека старите повеќе не ви се потребни, тогаш се лажете! Наместо да ги фрлите или пак, да ги ставите во некоја фиока и целосно да заборавите на нив, можете да ги искористите како сјајна декорација за вашиот дом. Затоа ви предложуваме да ги погледнете овие 7 феноменални идеи и да го украсите вашиот дом со еден необичен, оригинален детаљ.rnrn
rnrn1. Доколку ги свртите шолјите наопаку и ги наредите една врз друга со помош на чинии, ќе добиете несекојдневен држач за колачи каков што нема никаде да се купи. Вака наредените шолји може да послужат и како интересен свеќник!rnrn
rnrn
rnrn2. Доколку сте вешти со топење восок за свеќи, тогаш можете да направите уште една варијанта на свеќник. Сè што е потребно е шолјата да ја наполните со восок. Доколку нејзиниот дизајн е романтичен, свеќникот ќе изгледа нежно, додека модерните облици ќе бидат идеални за оние кои го сакаат таквиот стил.rnrn
rnrn3. Многу девојки и жени не знаат каде да го чуваат својот накит, но шолјите за кафе и тука можат да ви помогнат. Оваа декорација е секако поинтересно од која било друга.rnrn
rnrn4. Сите оние кои сакаат да шијат, може да ја искористат шолјата за кафе како идеален држач за перничето за игли.rnrn
rnrn5. Доколку сте доволно вешти и имате доста цврсто лепило, можете да ги искористите и за да направите ѕиден часовник, кој ретко може да се види на некое друго место.rnrn
rnrn6. Симпатичните, мали билки не мора секогаш да стојат во саксии. И во оваа прилика искористете ги шолјите за кафе како замена за саксиите кои веруваме дека совршено ќе се вклопат во вашата кујна.rnrn

7 генијални начини на кои можете да ги искористите шолјите за кафе како декорација во домот
