Како што времето станува сè потполно, така сè повеќе избираме полесни комбинации, но не секогаш е лесно да се пронајдат и интересни фризури. Баш поради тоа, денес со вас споделуваме 3 неодоливи идеи за доста интересни фризури во бохо стил. Овие фризури се идеални за дневни, но и за вечерни излегувања, односно за секоја прилика во која сакате да изгледате лежерно, релаксирано и шик.rnrn
rn
1. Незадолжителна плетенка
rnНа коренот на косата нанесете производ кој ќе ѝ даде волумен, а потоа извиткајте ја целата коса со помош на фигаро или преса за коса. Водете сметка за прамените кои се во близина на лицето и нив извиткајте ги така што ќе ги отстраните од таму, а потоа нанесете малку восок за стилизирање.rnrn
rnrnСоберете ја косата и врзете ја во ниско коњско опавче од едната страна. Не грижете се за тоа доколку некој прамен стрчи или излегол од опавчето. На крај, сплетете плетенка, која со помош на восокот не би требало да биде комплицирана за плетење, ниту да се лизга.rnrn
rnrnДодека ја плетите плетенката, секако, обидете се таа да не биде премногу затегната, но доколку сте ја затегнале малку повеќе од потребното, со помош на раката олабавете ја.rnrn
rn
2. Разуздена, жито плетенка
rnВо коренот на косата, повторно нанесете производ кој ќе ви даде дополнителен волумен. Можете да се послужите со малку восок за коса, кој ќе ви помогне таа да не ви „бега“ додека ја делите на два дела.rnrn
rnrnСледен чекор е плетењето на жито плетенката. Таа само делува комплицирано, но воопшто не е. Најважно е да плетете со помали прамени и да ги преклопувате од левата и десна страна. Исплетете ја на една страна, а на крај напрскајте ја со малку лак за коса за да не се растури.rnrn
rnrnНе заборавајте дека таа треба да изгледа опуштено и лежерно.rnrn
rn
3. Бохо круна
rnСо помош на малку восок за коса, направете патец над увото, односно малку пониско отколку што најчесто го правите. Потоа со раката земете неколку тенки прамени. Исплетете плетенка околу главата, колку што ви е долга косата, а потоа прицврстете ја со ластик за коса.rnrn
rnrnДоколку вашата коса е доволно долга, префрлете ја плетенката околу главата, па зацврстете ја со шнола. Но доколку не е, спојте го крајот на првата плетенка, а потоа исплетете нова, а сето тоа зацврстете го со шноли.rnrnСо помош на чешел лесно издвојте неколку прамени за фризурата да го добие потребниот бохо ефект.rnrn
rnrnНа крај, испрскајте ја плетенката со лак за коса.rnrn