КАФЕ ПАУЗА

Прекрасни украси за коса кои можете да ги направите сами

Прекрасни украси за коса кои можете да ги направите сами

Шнолки, венчиња, ленти, стегачи и што ли уште не, идеите за вашата фризура да биде интересна и несекојдневна се многубројни. Но за жал, многу од овие прекрасни украси за коса знаат да чинат доста, а често пати се случува да не можеме да пронајдеме токму во онаа боја или форма која што ни треба. За среќа постои начин како да ја употребите вашата креативност и имагинација, а да не потрошите премногу пари.rnrnСледат неколку интересни упатства со чија помош лесно можете да направите свои, уникатни украси за коса и следниот пат кога ќе излезете во град слободно да се пофалите пред пријателките со вашата оригиналност. Кој знае, можеби ќе привлечете и некој заводлив поглед од спротивниот пол.rnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrn

1. Шноли со кристалчиња

rnОвие интересни шноли можете да ги направите со конец во каква било боја, но и со различни камчиња, во зависност од гардеробата која ја имате. Всушност, зошто да не направите повеќе различни? Сè што ви треба се шнолки, конец, игла и камчиња кои најдобро е да бидат самите залепени на проѕирна лента, како на сликата, но доколку не најдете такви можете и директно да ги залепите на шнолата.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrnrnЛентичката со кристалчиња треба добро да ја залепите за шнолата, а ако не успеавте да пронајдете таква, залепете го секое кристалче посебно. Почнувајќи од крајот на шнолата вртете го конецот внимателно во просторот помеѓу две кристалчиња.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrnrnКрајот од конецот најдобро е да го скриете под долниот дел на шнолата за да не се познава и вашата креација да изгледа што подобро.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrn

2. Впечатлив украс со бисерчиња

rnМожеби ќе ви одземе повеќе време да го направите, но дефинитивно вреди секоја секунда. Овој украс е навистина елегантен и можете да го носите за специјални пригоди, но и во оние денови кога навистина сакате да бидете и да се чувствувате посебни. Потребна ви е обична црна шнолка, шнола со повеќе иглички (оние во вид на малечко чешле), подебел конец или тенка жица, лепак и многу бисерчиња.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrnrnПочнете така што жицата или конецот ќе ја закачите во едно од дупчињата на чешлето за да можете потоа да нанижете бисерчиња.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrnrnКраевите од секој конец врзете ги цврсто на крајот на другата шнола. Вишокот конец скратете го, а на самите дупчиња од чешлето можете да залепите бисерчиња за уште подобар ефект.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrn

3. Слатки машнички

rnОвие машнички се многу лесни за изработка и се одлични кога сакате да го разиграте вашиот стил. Одберете материјал по желба, можат да бидат еднобојни или со некој интересен принт. Можат да се направат од каков било материјал (на пример некоја стара маичка) и не одземаат многу време. Потребно ви е лепак, ножици, шнола и малку креативност. За почеток, погледнете ја изработката на овие едноставни, еднобојни машни.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrn

4. Шноли и копчиња – разиграна комбинација

rnТука веќе нема изговори, зашто за оваа креација потребни ви се само копчиња, лепак, обични шноли и неколку минути од вашето време, освен ако не ви стане интересно, па се решите да го искористите секое копче кое што ќе ви се најде по дома. А ефектот е навистина одличен.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.