КАФЕ ПАУЗА

3 нови идеи за украсување велигденски јајца без употреба на бои

3 нови идеи за украсување јајца без употреба бои

Никогаш не е доста од идеи за украсување на велигденските јајца. Ако барате нов начин за украсување и тоа без користење бои, овие 3 едноставни идеи ќе ви бидат од голема помош.rn

1. Машни

rn3 нови идеи за украсување јајца без употреба боиrnrnМашните се секогаш одличен избор за украсување. А ако сакате да им додадете посебна убавина на велигденските јајца, тогаш оваа идеја е совршена за вас. Потребна ви е декоративна лента која треба само да ја заврзете околу јајцата. Можете да ја заврзете на која страна сакате. Одберете лента со некоја весела боја како жолта, виолетова, тиркизна и слично.rn

2. Посребрени јајца

rn3 нови идеи за украсување јајца без употреба боиrnrnЗа оваа идеја потребен ви е само фломастер со сребрена боја. Можете да нацртате мали или големи точки, линии, или какви било форми. Ослободете ја вашата фантазија и направете ваш уникатен дезен.rn

3. Јајца во форма на децата на цвеќето

rn3 нови идеи за украсување јајца без употреба боиrnrnАко сакате вашите јајца да изгледаат како мали слатки ликови, ќе ви бидат потребни црн, црвен и бел фломастер за цртање, конец, волница и неколку цветови. Косата направете ја со конецот или волницата, а од цветовите направете венчиња за главите. Децата на цвеќето се симбол за мир и љубов, па се совршен украс за вашиот дом.rnrnПогледнете ги и овие идеи за уникатна декорација на велигденски јајца.