3 намирници кои мора да ги јадете секој ден доколку сакате да ослабите

Сподели

Сигурно досега сте прочитале за многу диети, како и откажувања од одредени јадења со цел да ја намалите телесната тежина. Но, тоа што можеби не сте го знаеле е дека следниве прехранбени продукти содржат одредени состојки кои го забрзуваат процесот на слабеење, па корисно е да ги консумирате секојдневно.

Реклама

rn

1. Зеленчук

rnДоколку сакате да имате совршено тело, зеленчукот мора да биде составен дел од вашиот ручек, бидејќи ги обезбедува неопходните витамини, минерали и фитохемикалии. Во процесот на слабеењето посебно ќе ви бидат од корист зеленчуците со висок процент влакна, како брокулите, прокељот, спанаќот, грашокот, пченката и леќата, па најдете начин да вметнете во секојдневното мени на исхрана.

rn

2. Безмасни протеини

rnЗа полесно да слабеете, пробајте со безмасните протеини, кои подолго време ќе ве држат сити во однос на јаглехидратите и заситените масти. Најдобро е во вашето мени на исхрана да вклучите пилешко, мисиркино и телешко месо, како и јајца, лосос, бакалар и туна.rn

rn

3. Интегрални житарици

rnДоколку сакате да јадете леб, а истовремено и да слабеете, не мора целосно да се откажете од него, но треба да го замените со леб од интегрални житарици. Многу истражувања потврдуваат дека луѓето кои јадат 2 до 3 порции интегрални житарици дневно, имаат 2,4 проценти помалку телесни маснотии и 3,6 проценти помалку абдоминални маснотии од луѓето кои воопшто не ги консумираат.

Едно парче леб од интегрални житарици е еднакво на една потребна порција, па за ручек слободно можете да изедете еден сендвич. Дополнително со интегралните житарици може да јадете овес, булгур, киноа и ориз.

Популарно

Може ќе ве интересира