КАФЕ ПАУЗА

3 начини за брзо смирување на црвенилото на кожата

3 начини за брзо смирување на црвенилото на кожата

Иако шминката пред сè служи за прикривање на несовршеностите на лицето, тоа е само привремено решение. За да го намалите црвенилото на кожата пробајте некој од следните совети.rnrn3 начини за брзо смирување на црвенилото на кожатаrnrnЦрвенилото на лицето се должи како резултат на повеќе работи – топлина, интензивен тренинг, зачинета храна, прекумерно изложување на сонце. Но, понекогаш, причината за постојаното црвенило може да биде розацеа, хронично воспалително заболување на кожата или хормонална нерамнотежа.rnrnПробајте некои од овие совети кои веднаш ќе го „оладат“ и смират вашиот тен.rn

Користете капки за очи

rnКапките за очи го отстрануваат црвенилото од очите, а поволно делуваат и на кожата. Тие, имено, можат да ги стеснат крвните садови и го намалат црвенилото со ограничување на протокот на крв. Многумина ги користат за да го смират црвенилото на акните, па зошто да не ја искористите нивната моќ. Измешајте неколку капки со хидратантна крема и нанесете на местото со црвенило.rn

Користете смирувачка маска

rnАко сакате да ја смирите црвената кожа предизвикана од сувост или воспаление, кремастата маска може да биде одличен третман за смирување на кожата. Кога избирате маска во аптека, внимавајте да не содржи потенцијално иритирачки состојки кои би можеле да ја влошат вашата состојба, како што се синтетички мириси или киселини. Изберете формули базирани на смирувачки и навлажнувачки молекули, како што се алое, хијалуронска, мед, розова вода или антиоксиданти.rn

Овесна каша

rnОвесот не е само одличен здрав појадок. Вашата кожа исто така може да ужива во неговите придобивки. Оваа житарка има антиоксидантни, антиинфламаторни и антимикробни својства, а особено е ефикасна за ублажување на црвенило и чешањето на кожата. Доволно е да приготвите мала порција мелена овесна каша. Кога кашата е готова, додадете 1-2 лажици мед, оставете да се излади и потоа нанесете ја на лицето. Оставете 10-15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.rnrnОткако прочитавте на кој начин можете брзо и ефикасно да го смирите црвенилото на кожата, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 навики можат да придонесат за предвремено стареење на кожата.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr