КАФЕ ПАУЗА

3 начини да ги носите вашите шишки

Кратките шишки навистина имаат моќ да го променат лицето и на некои навистина им прилегаат. Но, еден проблем е како да ги држите послушни во текот на денот, а понекогаш едноставно и ви здосадува да ви паѓаат на челото, па сакате да испробате нешто друго. Ако имате шишки, не значи дека сте осудени на класичниот изглед. Погледнете ги советите во видеото и почнете да експериментирате со вашата коса.rnrnrnrnЗа првиот изглед, шишки настрана, кои се претопуваат со остатокот од косата, најпрво треба да ги напрскате со вода и да направите длабок прецизен патец. Засушете со фен во насока на шишките и потоа земете подолги прамени одзади и зачешлајте ги заедно. На крајот прилепете ги со балзам или некое друго средство за измазнување.rnrn1-3-nachini-da-gi-nosite-vashite-shishki-kafepauza.mkrnrnЗа шишки сосема собрани настрана и тргнати од челото, ставете восок на рацете, нанесете на едната страна од шишките и почнете да вртите наназад. На крајот прицврстете со шнола, а потоа повторете го истото на другата страна. Зацврстете со уште малку восок на двете страни.rnrn2-3-nachini-da-gi-nosite-vashite-shishki-kafepauza.mkrnrnЗа добро средени шишки кои паѓаат напред на челото, започнете така што ќе ги напрскате со вода, а потоа ќе ги сушите со фен на јако, агресивно протресувајќи низ нив со прстите, збунувајќи го упорниот патец кој непосакувано постојано ви се создава. Тргнете ја косата настрана фаќајќи ја со штипче и продолжете да работите само на шишките. Благо истапирајте ги во основата, па зачешлајте и на крајот поминете ги со пегла.rnrn3-3-nachini-da-gi-nosite-vashite-shishki-kafepauza.mkrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.