Не можете секогаш да ги избегнете премногу чувствителните личности, но постојат начини да ги смирите. Доктор Алберт Бернстајн, клинички психолог, ја усовршил техниката за смирување на ситуации кои излегле надвор од контрола. Неговите совети вклучуваат и начини за смирување на овој тип луѓе дури и во најчувствителните разговори. Во продолжение погледнете за што станува збор…rnrn
rn
1. „Те молам зборувај полека. Би сакал/а да ти помогнам.“
rnПроблемот можеби нема да биде нивното брзо зборување, туку тоа што викаат или пак, плачат неконтролирано. Според Бернстајн, оваа фраза во секој случај може да направи чуда.rn
„Зошто оваа фраза функционира? Бидејќи ја прекинува шемата во нивната глава“, објаснува тој.
rnТие очекуваат да пружите отпор, но вие го правите спротивното. Ги замолувате да бидат појасни, бидејќи сте заинтересирани. Ова ќе ги натера да почнат да размислуваат, а тоа е добро.rn
2. „Што би сакал/а да направам?“
rnОваа фраза функционира на сличен начин како и првата. Ја тера премногу чувствителната личност да прекине да се потпира на емоционалниот дел, кој само знае да се расправа, и да почне да размислува за своите постапки.rn
3. Какво било прашање
rnНе е важно колку „лудо“ изгледа некој, ако сакате да го вратите во нормала текот на разговорот , објаснувањето дека тие се луди или дека вашето мислење има повеќе смисла нема да помогне. Зошто?rn
„Објаснувањето речиси секогаш е прикриена форма на отпор“, вели Бернстајн. „Другата личност ќе го почувствува ова и само повеќе ќе се налути.“
rnПа, дури и да тврдат дека се Елвис кој се вратил од мртвите, подобро е да ги прашате каде им е костумот за настап, отколку да им објаснувате дека тоа е невозможно.rn
„Слушањето на она што имаат да го кажат овие личности ја рефлектира на нивната емоционална состојба, а не содржината на она што го кажуваат“, вели Бернстајн.
rnТој исто така советува и дека поставувањето релевантни прашања е многу поверојатно да ја смири личноста и да го одведе самиот разговор во правилната насока, отколку да ја менувате темата.rnrnДали вашиот партнер е оној поради кој го читате овој текст? 7 знаци дека сте во врска со претерано чувствителна личност која премногу размислува.
