Креативни начини да го претворите сувото цвеќе во уметност

Сподели

Цвеќињата се прекрасна творба на природата, но за жал, не секогаш може да ги имаме доволно долго свежи, за да може да уживаме во нивната убавина. Меѓутоа, со помош на техниката на хербариум или сушење, можеме да ги употребиме во „направи сам“ креации и со тоа да ги зачуваме покрај себе засекогаш. Сушењето и пресувањето се техники кои постојат уште од старите Рим и Грција, а на овој начин и ботаничарите успеваат целосно да ги проучат и да ги дознаат нивните тајни.

Реклама

Употребете го исушеното цвеќе за да создадете накит, маска за телефон или најразлични декорации за домот. На овој начин секогаш ќе имате уникатна креација која зрачи со убавината на природата.rn

Привремена тетоважа

rnСо помош на лепење и премачкување со специјална маса наменета за нанесување на кожа, можете да создадете уникатна привремена тетоважа, која лесно ќе ја измиете по еден или два дена.rn

Освежувачи за воздух

rnСо правилно измешани есенцијални масла и сушени цвеќиња, можете да направите спреј за освежување на воздухот.rn

Цветна сол за капење

rnИсушените цветови измешајте ги со сол за капење и неколку капки етерично масло со мирис по ваш избор. Користете ја оваа сол за капење или за купка за стапала.rn

Цветна рециклирана хартија

rnСо помош на процесот на рециклирање стара хартија, можете да создадете одлична основа за изработка на честитка или картичка со убава порака испратена до некого.rn

Украсување на подароци

rnЗавиткајте го подарокот со еднобојна хартија и на машничката врзете ѝ гранче суво цвеќе, за да постигнете единствен и декоративен изглед.rn

Маска за мобилен телефон

rnЕдноставно, поставете го сувото цвеќе под проѕирната маска на вашиот телефон. Можете и да го менувате секој ден, во зависност од желбата.rn

Природа во рамка

rnПресуваните цвеќиња и растенија поставете ги помеѓу две парчиња стакло и врамете ги. На овој начин ќе постигнете модерен и природен изглед на вашата соба.rn

Накит

rnВградете ги сувите цвеќиња во изработки од епоксидна смола или помеѓу две проѕирни парчиња пластика. Навистина одличен моден додаток.

Дознајте и што зборува за жените нивното омилено цвеќе.

Популарно

Може ќе ве интересира