КАФЕ ПАУЗА

7 мали промени што ќе направат голема разлика во вашето расположение

7 мали промени што ќе направат голема разлика во вашето расположение

Written by

in

,

Како што станувате посвесни наутро, почнуваат да се појавуваат проблемите. Всушност, тие не се толку итни или големи, туку вие едноставно сте се навикнале да се грижите за нив. Сигурно сте пробале многу работи за да го подобрите вашето расположение, но веројатно повторно се враќате на истото. Сепак, доволни се неколку навистина мали промени што со текот на времето ќе го подобрат вашето расположение и вашиот живот во целост.rnrn7 мали промени што ќе направат голема разлика во вашето расположениеrn

1. Насмевка

rnСекое утро широко насмевнете се, дури и ако не ви се смее. На почетокот можеби ова ќе ве прави гневни. Можеби дури и ќе заплачете. Но за кратко време ќе почнете навистина да се смеете бидејќи е „глупаво“.rn

2. Промена во исхраната

rnНаправете барем една мала здрава промена во вашиот начин на исхрана. Можеби ќе додадете само една овошка или зеленчук. Доволно е само ова за да ја почувствувате промената.rn

3. Правете нешто забавно

rnСекој ден правете нешто што ви е забавно, без разлика колку е мало. Не е важно што е и никој не мора ни да знае за него. Можеби сакате да ги набљудувате инсектите во градината како кога сте биле мали или пак, ќе се опуштите и ќе танцувате во вашата соба дур ве држат нозете. Не се воздржувајте.rn

4. Работете на љубопитноста

rnДури и во најмрачните моменти постои нешто што може да ви ја разгори љубопитноста. Можеби одеднаш сакате да дознаете кој победил на Светското првенство. Или пак, сакате да прочитате некоја лоша книга. Немојте да си судите и се разбира, нема потреба никој да знае.rn

5. Направете ги ноќите што е можно поудобни

rnОва не значи добро да се наспиете. Ако имате проблеми со расположението голема е веројатноста да имате проблеми и со спиењето. Но можете да се обидете да го извлечете најдоброто од сегашната ситуација додека да дојде решението. Најдете поудобна перница, или едноставно станете од креветот и правете нешто друго. Ноќите без сон не мора да бидат лоши.rn

6. Поврзете се со другите

rnСигурно сте свесни дека многу луѓе се осамени. Дури и оние кои се во врска можат да се чувствуваат осамено. Но добрите врски можат навистина да го подобрат вашиот живот. Едноставно обидете се да се поврзете со позитивни луѓе и искажете ја вашата енергија со нив. Разговарајте со келнерот или со кој било друг. Нема потреба да го познавате.rn

7. Развијте добрина кон себе

rnРечиси секогаш знаете што треба да направите, но омразата што ја чувствувате кон себе навистина го влошува вашето расположение. Покажете си малку добрина за да го промените тоа. Направете си шолја чај. Одете на прошетка. Почестете се со филм и бидете потрпеливи со вас.rnrnДознајте и кои се навиките на луѓето кои сами ја создаваат својата среќа.