Шминката знае да биде најдобриот пријател на жената кога тоа ѝ е најпотребно. Токму затоа, малите трикови кои би помогнале таа да изгледа што е можно поблиску до совршеното се секогаш добредојдени.rn
1. Прво користете основа, па потоа коректор
rnДоколку ставите прво коректор, кога ќе ја нанесувате основата ќе избришете поголем дел од коректорот. Но ако прво ја нанесете основата, ќе ви биде потребно помалку коректор.rnrn
rn
2. Најдобар начин да нанесете коректор е да нацртате триаголник чија основа ќе биде линијата под вашето око, а врвот ќе се стреми кон вашиот образ
rnНа овој начин не само што ќе ги сокриете подочниците, туку и ќе создадете илузија на многу затегнато лице.rnrn
rn
3. Нанесете коректор на очните капаци за да спречите бришење на сенката и трошење на вашите трепки
rnКоректорот може дури и самостојно да послужи како сенка.rnrn
rn
4. Доколку сакате да ги покриете акните, прво користете зелен коректор, а потоа нанесете го коректорот кој одговара на вашата кожа
rnЗелениот коректор нанесете го точно над акните со чиста четкичка, но не и околу. Потоа искористете го памукот од чепкалката за уши така што со него ќе го нанесете коректорот во боја на вашата кожа врз акните и околу. За крај нанесете ја и пудрата.rnrn
rn
5. Доколку имате акни на градите или на грбот, нанесете коректор кој совршено одговара на вашата кожа директно врз нив, а потоа нанесете соодветна нијанса на пудра
rnКоректорот ќе го покрие црвенилото, а пудрата ќе спречи коректорот да се избрише.rnrn
rn
6. Доколку во даден момент немате коректор со себе, нанесете мала количина од течната основа врз акните, почекајте да се исуши и потоа довршете со пудра
rnТрикот е во тоа што доколку чекате доволно долго да се исуши основата, таа ќе го има истиот ефект како и коректорот. Во спротивно ќе покрие многу мала површина бидејќи ќе се размачка кога ќе почнете да нанесувате пудра.rnrn
rn
7. Користете коректор кој е за нијанса посветол од вашата кожа за да покриете три мали области од очите: внатрешното V, средниот дел од вашиот очен капак и делот точно под вашите веѓи
rnДоловува изглед на добро одморена личност и делува многу природно.rnrn
rn
8. Со прстот до малиот прст нанесете портокалова или праска боја коректор на вашите подочници
rnПрстот до малиот прст ќе го нанесе коректорот со доволен притисок за тој совршено да се вклопи во вашата кожа, а овие нијанси на коректор ќе ги покријат темните кругови под вашите очи. Над ова се нанесува пудра.rnrn
rn
9. Запознајте се со тоа кои нијанси на коректор за што се користат
rnРозевкаст или праска боја коректор е за подочници или модрици, зелениот е за криење на црвенило, а жолто нијансираните коректори се за да ја изедначат бојата на вашето лице.rnrn
rn
10. Покријте ги подуените очи со мала мешавина на крем за очи, коректор и течна сенка
rnИзмешајте ги состојките на надворешниот дел од вашата дланка и потоа мешавината нанесете ја под вашите очи, над вашите веѓи и на страничниот надворешен дел од очите за да ја скриете подуеноста на очите.rnrn
rn
11. Откако ќе го нанесете коректорот, потапкајте ја областа со суво хартиено марамче за да спречите негово згуснување токму под вашите очи
rnСо марамчето ќе успеете лесно и брзо да го избришете непотребниот слој на коректор кој само би се наталожил под вашите очи.rnrn
rn
12. Изострете ја линијата нанесена со тушот за очи така што ќе користите тенка четка натопена во коректор
rnОва е многу полесно отколку да го бришете тушот и одново да го нанесувате.rnrn
rn
13. Истакнете го карминот и спречете тој да се размачка така што околу усните ќе нанесете тенка линија од коректор
rnВашите усни после ова ќе изгледаат многу изострено, секако, во позитивна смисла.rnrn
rn
14. Истакнете ги вашите усни со нанесување малку светол коректор и сјај за усни
rnНанесете светла нијанса на коректор на средината на вашите усни, потоа лесно размачкајте го тоа околу и на крај нанесете скоро проѕирен сјај за усни кој совршено ќе го долови изгледот на полни усни.rnrn
rn
15. Сменете ја формата на вашите усни така што прво ќе ги покриете со коректор и потоа ќе нанесете молив за усни малку понадвор од вашите природни уснени линии
rnОткако ќе го нанесете коректорот користејќи чепкалка за уши, го нанесувате моливот за усни и финиширате со сјај за усни во истата нијанса како и моливот кој го користите.rnrn
rn
16. Истакнете ги веѓите така што коректорот ќе го нанесете под и над веѓите
rnКористите коректор кој е за една нијанса посветол од вашата кожа, а кој го изедначувате со кожата со прстот до малиот прст.rnrn
rn
17. Исконтурирајте ги цртите на вашето лице користејќи коректор кој е за две нијанси потемен од вашата кожа и коректор кој е за две нијанси посветол
rnЗа ова е пожелно да користите молив-коректори така што потемниот го користите за да ги означите деловите од лицето кои се природно засенети, а посветлиот за оние кои се природно осветлени. Потоа користете четка за изедначување на нијансите.rnrn
rn
18. Истакнете ја клучната коска така што ќе ги исправите рамениците и ќе ги истакнете природните контури со коректор кој е за две нијанси потемен од вашата кожа, а потоа ќе ги осветлите со коректор кој е за две нијанси посветол
rnПотемниот коректор го користите за да ги означите деловите кои се засенети, а посветлиот за оние кои се поистакнати. Со четка или сунѓерче изедначете ги нијансите притоа елиминирајќи ја видливоста на какви било груби линии.rnrn
rn
19. Направете хидратантен крем за лице мешајќи ги вашиот дневен лосион за лице и коректорот
rnОваа мешавина не само што ќе ја хидрира вашата кожа, туку и ќе ги изедначи нијансите на вашето лице.rnrn
rn
20. Чувајте повеќе нијанси на коректор во вашиот несесер со шминки
rnБидејќи за секаков тип проблеми со кожата ви е потребна различна нијанса на коректор, убаво би било кога би го имале соодветниот коректор за соодветната прилика.rn
- rn011
- Кремастиот коректор е за сокривање на црвенило и подочници и дава мат финиш.
- Коректорот во вид на цилиндар е за сокривање на тетоважи, вени, лузни и задава мат финиш. Кармин коректорот е за сокривање на црвенило.
- Коректорот како молив задава полумат финиш, а е погоден за исцртување на контури.
- Течниот коректор е погоден за областа под очите и за изедначување на нијансата на кожата.
- Течниот коректор со сунѓерче е погоден и за осветлување, а е лесно вклоплив.
- Течниот кармин коректор е погоден за круговите под очите и ја намалува подуеноста на очите.
- Течниот коректор во облик на пенкало е погоден поради веќе постоечката четкичка која покрива средно големи области околу очите.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
