КАФЕ ПАУЗА

2 „технички“ грешки во сексот кои ја одбиваат секоја жена

Добриот секс подразбира одредена доза хемија помеѓу партнерите, отворена комуникација и јасно изразување желби. Кога овие нешта изостануваат, се случуваат грешки при интимното истражување на жените кои можат да им создадат непријатност и да ги одбијат од подлабока акција во спалната соба. Погледнете за што станува збор…rnrn2 „технички“ грешки во сексот кои ја одбиваат секоја женаrn

1. Триење со брадата

rnМажите можеби изгледаат сексапилно со тридневната брада на своето лице, но ако грубите влакненца се тријат од нејзините интимни делови, таа може да се почувствува многу непријатно.rn

„Триењето со брадата на гениталиите може да предизвика непријатности кај жените, како и иритација на кожата и болка“, истакнува сексуалната терапевтка Риси Малоун. „Раздразнетоста исто така може да доведе и до инфекција која многу боли доколку врз неа се аплицира некаков вид лубрикант.“

rnРешение: Многу е важно да разговарате со вашиот партнер за сите оние постапки и пози на кои сте подготвени, пред да започнете со самото дело. Исто така, добро е мажите да се откажат од нанесувањето препарати по бричењето бидејќи тие исто така можат да ја надразнат кожата на жените.rn

2. Премногу силна стимулација на клиторисот

rnБез разлика дали станува збор за орален секс или рачна стимулација, мажите често му обрнуваат преголемо внимание на клиторисот.rn

„Допирањето на клиторисот може на жените да им донесе огромно задоволство, но прегрубата стимулација води кон спротивниот ефект“, вели сексологот Шана Катс.

rnРешение: Жените уживаат во истражувањето на целата интимна зона, а не само на клиторисот. Токму затоа е добро да обрнете внимание и на областа околу клиторисот, надворешните усни и перинеумот (областа помеѓу вагиналниот отвор и анусот).