Доколку се соочувате со опаѓање на косата, тогаш можеби би требало да ги погледнете овие 2 едноставни, но многу ефикасни маски од јајце. Едната од нив се прави со белките, додека пак другата со жолчките…rnrn
rn
1. Маска за коса од жолчки
rnОваа маска служи како третман против опаѓање на косата. Жолчката е исполнета со многу протеини, витамини и масни киселини. Таа исто така содржи и високо количество витамини А, Д и Е. Овие витамини го подобруваат растот на косата и го спречуваат нејзиното опаѓање. Друга состојка која ќе ви биде потребна за оваа маска е маслиново масло кое помага за зајакнување на вашата коса. Тоа исто така ги омекнува вашите влакна и го спречува прераното белеење на косата.rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 2 жолчки од јајца
- 2 лажици маслиново масло
- 1 чаша вода
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка и употреба:
rnСтавете ги жолчките во сад и сипете врз нив маслиново масло. Измешајте добро и потоа додадете чаша вода. Со помош на вашите прсти нанесете ја мешавината подеднакво низ целиот ваш скалп. Откако ќе завршите со нанесувањето, ставете капа за туширање и оставете ја да делува 15-20 минути, а потоа исплакнете и ако сакате измијте ја со шампон.rnrnОвој третман е многу делотворен, па доволно е да го практикувате само еднаш или два пати во месецот.rn
2. Маска за коса од белки
rnБелките од јајцата се совршени за оние кои имаат помрсна коса. Вишокот мрснотија може да доведе до најразлични проблеми, меѓу кои и блокирање на порите што може да резултира со други видови инфекции на кожата. Тоа исто така може да предизвика и често заплеткување на влакната. Овој рецепт содржи и мед и маслиново масло, кои меѓу другото се одлични и за спречување на опаѓањето на косата.rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 2 белки од јајца
- 1 лажица мед
- 1 лажица маслиново масло
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка и употреба:
rnСипете ги сите состојки во еден сад и добро промешајте. Можете да направите поголемо количество во зависност од должината на вашата коса. Со помош на вашите прсти нанесете ја подеднакво врз целиот скалп, а потоа ставете капа за туширање и оставете ја да се исуши. Нека стои на вашата глава 15-20 минути, а потоа измијте ја. По избор можете да ја измиете косата и со шампон.rnrnОвој третман е исто така многу ефикасен, па токму затоа доволно е да го практикувате еднаш до два пати во месецот.