Зарем би можело да постои послатко животно од ова на нашава планета? Црвените панди се мали цицачи кои потекнуваат од источните Хималаи и југозападна Кина. Се претпоставува дека постојат помалку од 10.000 возрасни црвени панди и дека нивниот вид е загрозен поради промената на живеалиштето. Тие се малку поголеми од домашна мачка, со црвеникаво-кафено крзно и се исхрануваат со бамбуси, но и со јајца, птици, инсекти и помали цицачи.rnrn
rnrnИ покрај тоа што во текот на денот ова неодоливо животно претежно спие, сепак се случува одвреме-навреме да ги отвори своите мали очички и да погледне директно во фотоапаратот на фотографите, како да сака да нè поздрави… Погледнете…rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.








