КАФЕ ПАУЗА

Најдобрите и најлошите места на светот да се биде жена

Најдобрите и најлошите места на светот да се биде жена

Автор: Моника ТрајковскаrnrnДолго време жените се бореле за своите права на еднаквост во светот на мажите. Во последните 6 години, околу 85% од државите ги подобриле условите за жените, според Светскиот Економски Форум, но од економска и политичка гледна точка има уште долг пат пред нив. Еве неколку места каде што е одлично да се биде жена, но и неколку места каде што на жените сè уште им е многу тешко да бидат тоа што се.rn
rn

1. Најдобро место да се биде жена – Исланд

rnИсланд има најголема рамноправност помеѓу двата пола, земајќи ги предвид индикаторите во политиката, едукацијата, вработеноста и здравството. Најлошото место да се биде жена е во Јемен, а најопасно е во Авганистан.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде женаrn

2. Најдобро место да се биде „глава“ на државата – Шри Ланка

rnЖените владеат со Шри Ланка скоро 23 години. За разлика од нив, во Шпанија и Шведска никогаш немало жена на поважна функција во владата.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде женаrn

3. Најдобро место да се биде жена во областа на уметноста и филмот – Шведска

rnШведскиот совет за уметност поднел иницијатива за подобрување на рамноправноста помеѓу половите во уметноста. Исто така, Шведскиот филмски институт овозможува подеднакво распределување на мажите и жените во филмската индустрија. Во Велика Британија пак, само 6% од филмските режисери и 12% од сценаристите се жени.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде женаrn

4. Најдобро место да се биде мајка – Норвешка

rnНорвешка е најдоброто место на светот да се биде мајка, со многу мали шанси за смртност при пораѓај (1:7.600). Најлошо место за ова е да се биде во Авганистан, каде што жената има барем 200 пати повеќе шанси да умре при пораѓај отколку од бомба, куршум или друг вид напад.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде женаrn

5. Најдобро место за економистки – Бахами

rnБахамите го држат првото место на глобално ниво за економска партиципација на жените. Тие ја затвориле половата „дупка на нерамноправност“ за околу 91% во последниве шест години, за разлика од најниско рангираната држава, Јемен која има зголемување на рамноправноста помеѓу половите во економијата за само 32%.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде женаrn

6. Најдобро место да се биде новинарка – Карибите

rnКарибите се регион со највисока застапеност на ТВ, радио и печатени вести за кои известуваат жени (45%). Најлошата област е во Африка, со само 30% од настаните кои се водени од жени. Во Велика Британија има најмал процент на жени уредници на весници, само 9%.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде женаrn

7. Најдобро место да се живее долго – Јапонија

rnЖените во Јапонија живеат просечно околу 87 години, победувајќи ги мажите за 7 години. Најкраткото просечно време на живот за жени е во Лесото – 48 години, кое е само 2 години пократко од она на мажите.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде женаrn

8. Најдобро место за студирање – Катар

rnВо Катар на секој еден маж, се запишуваат шест жени на студирање. Додека пак во државата Чад, има три пати повеќе мажи од жени кои студираат.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде женаrn

9. Најдобро место да се заработи пари – Луксембург

rnЛуксембург заедно со Норвешка го делат првото место за можност за заработка. И жените и мажите заработуваат просечно околу 40.000 долари годишно. За жените најлошо е да работат во Саудиска Арабија каде што просечното заработување на годишно ниво е околу 7.157 долари, додека пак мажите за иста работа заработуваат просечно околу 36.727 долари.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде женаrn

10. Најдобро место да се биде спортистка – Америка

rnПет од десетте најплатени жени спортистки биле од Америка. Најлошата држава е Саудиска Арабија која никогаш не пратила жена на Олимписките игри и има забрана за девојчињата да тренираат каков било спорт во училиште.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде жена
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.