Излегувате подолго време и на памет ви паѓа да го поставите големото прашање? Тогаш продолжете со читање. Ова се знаците кои покажуваат дека сте во врска со девојката која треба да ви биде сопруга.rnrn
rn
1. Ги знае вашите пријатели и се грижи за нив
rnГи знае по име сите, и блиските и не толку блиските. Знае што се случува во нивните животи и прва ќе крене слушалка да им честита роденден или да им „мести“ некоја пријателка. Никогаш не би сакала да се претворите во оние кои си ги забораваат другарите откако ќе почнат сериозна врска.rn
2. Кога одите заедно на патување или одмор, не се карате постојано
rnДури и ако автобусот се расипал или хотелот не бил како на сликите, вие ќе најдете начин да не избувнете и сепак да го извлечете најдоброто од понуденото.rn
3. Одвреме-навреме ја фаќате како ве мерка од глава до пети
rnСлатко е кога ќе помислите како ве мерка подгризнувајќи си ги усните, како вие да сте најсекси суштество на светот. Го прави тоа несвесно, исто како „тазе“ заљубените девојки.rnrn
rn
4. Имате исти животни приоритети
rnДелите исти вредности и приоритети. Се согласувате за најважните животни прашања. Ако вас семејството ви е важно, важно ѝ е и неа.rn
5. Сака да се фали со вас
rnНе ве пушта од рака додека разговара со некој друг, ве гледа со заљубен поглед и неретко ќе ве пофали за постигнатото пред други.rn
6. Кога пријателот се жали за својата врска, воопшто не се пронаоѓате
rnЗарем така постапила? Тоа е толку различно од вашата девојка. Всушност, кога слушате како пријателот се жали за љубовта ви се чини дека вие сте од друга планета.rnrn
rn
7. Таа е вашата најголема поддршка
rnЗа што и да треба да одлучите, со каков проблем да се соочувате, таа е тука, и секогаш е на ваша страна. Го сака најдоброто за вас и за вашата иднина, па ќе ви ја даде целосната поддршка дури и тогаш кога од неа се бара пожртвуваност.rn
8. Слободно ја вклучувате во плановите за иднината
rnАко, да речеме, свадбата на вашата сестра е за една година, без ни малку да се почувствувате чудно, го планирате вашето заедничко одење.rn
9. И двајцата сте подготвени на компромис и сте пожртвувани еден за друг
rnНе сака да биде само по нејзино, и ако тоа ве прави среќни ќе излезе од нејзината зона на комфорот.rn
10. Не се обидува да ве промени
rnИако ги знае сите ваши маани и слаби страни, што секој од нас ги има, не се обидува да промени ништо кај вас. Не ве споредува со други, што би ве навредило. Едноставно ве прифаќа такви какви што сте.rn
11. Им се допаѓа на вашите пријатели
rnПо толку состаноци кои тргнале наопаку, по толку напорни и токсични врски и флертови, вашите пријатели се среќни што имате таква девојка покрај себе.rn
12. Може целосно да бидете искрени со неа
rnНе чувствувате потреба да се преправате ниту пак да прикриете нешто. Може да ѝ кажете што било и се чувствувате слободни со неа.rnrn
rn
13. Таа е првата личност на која ѝ се јавувате кога нешто ќе ви се случи
rnБез разлика дали е тажна или среќна вест, прво кревате слушалка за да ја споделите со неа.rn
14. Ги прифаќа работите кои се чудни кај вас
rnКако некоја чудна или неразбирлива навика за која и вие би се срамеле. Гледате дека дури и почнува да ја применува.rn
15. Имате нескротлива потреба да ја заштитите
rnПостојано сте загрижени да не ѝ се случи нешто лошо. Кога ќе ви се јави растревожена посакувате да го убиете оној кој направил да се чувствува така.rn
16. Кога се карате, тоа го правите на фер начин
rnТаа се кара со вас на фер начин. Нема да спомнува нешто што се случило пред многу време ниту пак ќе гледа да ви ги погоди слабите точки или да ве потсети колку сте згрешиле во нешто.rnrn
rn
17. Има свој живот настрана од вашата врска
rnСи има свој идентитет, нејзиниот идентитет не е слеан во врската. Неретко ќе излезе сама со другарките или ќе замине некаде без вас. И покрај тоа што многу ве сака, таа е самостојна.rn
18. Кога сте разделени ви недостига
rnКога ќе ѝ кажете дека ви недостига, навистина го мислите тоа. Мразите да одите во кревет или да се будите без неа.