КАФЕ ПАУЗА

Еспресо русокоса: Нова нијанса што им одговара и на русокосите и на бринетите

Ако размислувате за промена на изгледот, дојдовте на вистинското место! Еспресо русокосата е нова хит нијанса за оваа есен која е совршен избор и за русокосите и за бринетите. Како што и самото име открива, станува збор за боја која потсетува на кафе со млеко и ги комбинира и кафените и медено русите тонови во косата.rnrn

rnrnТокму таа комбинација од нијанси е тоа што ја прави оваа боја толку популарна есенва – русокосите ќе добијат малку потемен изглед, а бринетите малку посветол. Промената нема да биде голема но без сомнение ќе го освежи вашиот изглед.rnrn

rnrnАко решите да ја пробате, тогаш погрижете се да му објасните на вашиот фризер да ги нареди посветлите прамени покрај лицето бидејќи на тој начин ќе ве подмлади. За да се погрижите и дека добро ќе објасните, носете ги и овие фотографии со вас!rnrn