Париз – градот на светлината, романтиката, љубовта и секако, храната. За вистински да го доживеете градот и француската кујна, разгледајте ги следниве прекрасни идеи за вечера во Париз.rn
Пикник
rnЕдна од најлесно остварливите идеи за вечера во Париз е пикникот. Купувањето состојки и одбирањето на совршеното место е многу забавно. Прошетајте по уличните штандови за храна, пекарниците, слаткарниците, каде сигурно ќе најдете нешто вкусно. Исто така, не заборавајте да изберете некое сирење, месо и француски леб.
Крстарење
rnКрстарењето по Сена е еден од најдобрите начини да се доживее градот. Во комбинација со добра храна пак, претставува посебно искуство. Уште една интересна идеја за убава и необична вечера во Париз.
Организирана прошетка
rnПокрај толку многу штандови, продавници, ресторани и вкусна храна во Париз, навистина е тешко да се одбере вистинската храна и ресторан. Затоа, ако сакате да истражувате и повеќе да се информирате, најдобро е да одите на организирана прошетка. Можеби нема да ви ги покажат најдобрите места, но секако ќе откриете места и видови храна за кои не сте ни знаеле дека постојат. Ќе си поставите стандарди и потоа полесно ќе се одлучите.
Луксузен ресторан
rnДоколку ви дозволува буџетот, штета е да не отидете во некој од луксузните ресторани во Париз. Франција е лидер во бројот на ресторани со Мишелин ѕвезди, вкупно 954. Само во Париз има 79 ресторани со Мишелин ѕвезди, од кои 10 се со три Мишелин ѕвезди. Доколку не можете да си дозволите, одете во модерно бистро или вечерајте во хотел со три ѕвезди.
Часови за готвење
rnВо Париз се организираат часови за готвење кои сигурно ќе ви помогнат да се усовршите, а и подобро да ја запознаете француската кујна. Има работилници каде се изучува изработка на чоколадни производи, слатки, печива итн.
Дегустација на вино
rnИ при дегустациите на вино, има вклучена храна, иако во помали количини. Можете да посетите некои од античките визби во градот или пак да одите во луксузните ресторани, каде може да уживате во вкусни вина и француска храна.
Домашна вечера
rnНема ништо поавтентично од домашно зготвена француска храна. Не грижете се доколку вашето семејство и пријатели не се во Париз, бидејќи може да одите на организирана вечера со традиционална француска храна, во типичен француски дом.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

