КАФЕ ПАУЗА

15 реченици кои ни го расипуваат расположението на работното место

Written by

in

,

Имате совршен ден на работа, во текот на паузата за ручек имавте интересен разговор со колегите, а тогаш баш во моментот кога се спремавте да заминете дома, се случува необичен пресврт. Ви приоѓа вашиот шеф со прашањето: „Можеш ли да ми направиш една услуга пред да заминеш?“ Ви изгледа ли позната оваа ситуација? Ние сме овде за да ве потсетиме кои се речениците кои најмногу мразите да ги слушнете додека сте на работа.rnrnrn

1. „Дали има некој мастика?“

rnОва прашање со сигурност ви се поставува секојдневно од страна на една иста личност, која најверојатно не е свесна дека мастиките може да се купат во продавница.rn

2. „Боже, толку многу настинав!“

rnТогаш која е причината за доаѓање на работа? Колегите понекогаш знаат да се однесуваат како деца. Наместо да земат слободен ден додека им трае настинката, тие сепак одлучуваат да дојдат на работа и да ги заразат останатите.rn

3. „Што правиш моментално?“

rnВашиот шеф е убеден дека никогаш немате доволно работа и затоа кога ќе му се причини дека барем малку сте се избориле со силните обврски, ќе ви пријде со ова прашање и куп нови идеи.rn

4. „Ова е многу важно!“

rnОх, секако, како и секоја претходна задача што ви ја зададеле…rn

5. „Можеш ли да направиш нешто за мене пред да заминеш?“

rnБаш кога ќе ја облечете јакната, тогаш сте му потребни на шефот во врска со една „ситница“, која ќе ви одзеде барем уште еден час. Но, како да го одбиете надредениот?rnrn2-15-rechenici-koi-ni-go-rasipuvaat-raspolozhenieto-na-rabotnoto-mesto-www.kafepauza.mk_rn

6. „Како не сме сè уште пријатели на Фејсбук?“

rn„Многу веројатно е поради тоа што не се дружиме и не планирам да гледам фотографии од твојата мачка уште и на социјалните мрежи“, би можело да биде совршен одговор…rn

7. „Можеш ли да се потпишеш на оваа честитка?“

rnГо имате ли и вие она чудно чувство кога се потпишувате на роденденските честитки на луѓето на кои одвај им го знаете името? Што воопшто да напишете: „Ќе уживам во тортата, иако не знам ниту како изгледаш!“rn

8. „Потребно ми е ова до крајот на денот!“

rnСигурни сме дека обожавате кога вашиот шеф ќе ви го одложи рокот за предавање или завршување на задачата, особено ако тоа значи дека морате да го завршите започнатото за само неколку часа.rn

9. „Можеш ли да го погледнеш тоа преку викендот?“

rnОсвен ако не е карта за некој концерт, не, не можам да го погледнам.rn

10. „Дали уште некому му студи?“

rnКонстантното расправање на колегите во врска со вклучениот клима уред или отворениот прозорец, е навистина нешто што може да ви го расипе денот…rnrn3-15-rechenici-koi-ni-go-rasipuvaat-raspolozhenieto-na-rabotnoto-mesto-www.kafepauza.mk_rn

11. „Како си помина за викендот?“

rnКако да не е доволно што е понеделник и што е утро, туку и колегите очекуваат дека ќе им раскажувате за вашиот краток одмор? Не доаѓа предвид!rn

12. „Здраво!“

rnТолку е досадно да го поздравувате секој кој ќе дојде во канцеларијата… Се сложувате?rn

13. „Искрено, што мислиш за тоа?“

rnКога колегите се задоволни со својата работа, ќе ве прашат за мислење, само за да се пофалат за направеното.rn

14. „Може ли да поразговарам со тебе на момент?“

rnКога разговорот ќе започне со оваа реченица, бидете сигурни дека ништо добро нема да се случи во текот на неговото траење.rn

15. „Можеш ли утре да дојдеш порано на работа?“

rnИ вака одвај успевате да се нашминкате, облечете и да испиете кафе пред работа, а доколку ве натераат да се разбудите порано отколку инаку, подобро би било да се спремни да платат одредена сума на пари за тоа.