Многу од изборите што ги правиме во текот на животот добиваат прашања и коментари од оние околу нас. Честопати изгледа дека секој има свое мислење за она што го правиме, како се однесуваме и со кого комуницираме. Но, понекогаш луѓето ги преминуваат границите и бараат од нас да им ги објасниме нашите одлуки и избори. Популарниот блогер и психолог, Дејвид К. Вилијам, тврди дека иако може да се чувствувате обврзани да одговорите во вакви случаи, некои работи едноставно не треба да ги засегаат другите. Погледнете ја оваа листа на 15 работи за кои не им должите никакво објаснување на оние околу вас.rnrn
rn
1. Никому не должите објаснување за вашата животна ситуација
rnБез разлика дали повторно се среќавате со бившиот/бившата дечко/девојка или пак сте поминале одредена возрасна граница и сѐ уште живеете со вашите родители, ако не сакате, не морате вашата ситуација да им ја објаснувате на другите. Ако сте целосно свесни за она што ви се случува и ништо не сте промениле, секако дека вие имате сопствени причини што сѐ уште е тоа така.rn
2. Никому не должите објаснување за своите приоритети
rnВие имате свои идеи за тоа кои работи вас и вашите сакани ќе ве направат среќни. Бидејќи секој има различни вредности, соништа и амбиции, вашите основни приоритети ќе бидат поинакви од оние на некој друг. Па, вие никому не должите објаснување што е она што ги детерминира вашите одлуки. Тоа е нешто што ве засега само вам и никој друг.rn
3. Никому не должите извинување ако не ви е жал
rnАко не ви е жал за вашите постапки и сѐ уште мислите дека некој не е во право, тогаш не морате да се извинувате. Многу луѓе лесно нудат извинување и се обидуваат да ги излечат раните, иако сѐ уште не се подготвени за тоа, па тоа може подоцна да резултира со уште повеќе проблеми.rn
4. Никому не должите извинување ако сакате време да бидете сами
rnМожеби ќе се грижите дека другите на вас ќе гледаат како на асоцијална или дрска личност кога ќе ги откажете плановите или вашите обврски, бидејќи ви треба време само за себе. Сепак, запаметете дека поминувањето време сами со себе е нормална и природна работа која сите луѓе треба да ја практикуваат. Бидете сами онолку колку што сметате дека ви е потребно, и никому не должите објаснување за тоа!rn
5. Не сте должни да се согласувате со нечии верувања и ставови
rnСамо затоа што некој страсно ги споделува своите лични ставови и верувања, тоа не значи дека треба да се согласувате со сѐ она што го вели таа личност. Ако навистина не сте согласни со она што го слушате, тогаш не е фер ниту кон вас ниту кон другото лице да се преправате. Сепак, подобро е тоа да го кажете на мирен начин, наместо да бидете нервозни и полни со фрустрации.rnrn
rn
6. Не сте должни да се согласувате со сѐ она што некој ќе го каже
rnИмате право да кажете „не“ секогаш кога не постои причина да кажете „да.“ Всушност, најуспешните луѓе на светот се оние кои ја совладале вештината за кажување „не“ на сѐ што не им е приоритет. Признајте ја добрината на другите луѓе и бидете благодарни за нивната учтивост, но не плашете се да одбиете нешто што не е во склоп со вашите основни цели и приоритети.rn
7. Никому не должите објаснување за својот физички изглед
rnМоже да сте слаби, дебели, високи, ниски или какви било, но не треба да им објаснувате на другите зошто изгледате така. Вашиот физички изглед е ваша работа и тоа не треба да ја одредува вашата самопочит.rn
8. Никому не должите објаснување за начинот на вашата исхрана
rnПостојат одредени видови храна кои вие едноставно не ги сакате поради различни причини, како што е на пример нивниот вкус или пак, здравствените проблеми. Затоа, не треба да им објаснувате на другите зошто сакате, а зошто не сакате одредена храна. Вашиот избор е оставен само на вас. Ако некој ви додева зошто не јадете (или јадете) одредена храна, тогаш одговорете му дека вака се чувствувате подобро.rn
9. Никому не должите објаснување за вашиот сексуален живот
rnСѐ додека тоа се случува кога и двајцата сте на достојна годишна возраст, никому не должите објаснување за тоа каде, кога и како ќе управувате со вашиот сексуален живот. Можеби ќе чекате брак, ќе бидете со некој за една вечер или ќе експериментирате со личност од истиот пол. Како и да е, не треба ова да им го објаснувате на другите.rn
10. Никому не должите објаснување за вашата кариера или личниот начин на живот
rnПонекогаш околностите може да ве принудат да изберете помеѓу кариерата и личниот живот. Одлуката не е секогаш лесна и кога ќе ја изберете работата тоа не значи дека вие не се грижите за вашето семејство или социјалниот живот, туку затоа што сметате дека тоа ќе ви донесе некоја постабилна иднина. Како и да е, никому не должите објаснување кој избор ќе го направите и зошто го правите тоа.rnrn
rn
11. Никому не должите објаснување за вашите верски и политички ставови
rnБез разлика која е вашата политичка определба и вашата вера, вие никому не треба да го објаснувате тоа. Ако некој не може да ве прифати онакви какви што сте, тогаш тоа е нивна одлука, а не ваша.rn
12. Никому не должите објаснување зошто сте сингл
rnКоја и да е вашата причина што сте сигнл, тоа не е нешто што треба да ги интересира другите. Самите вие треба да изберете дали сакате да бидете во врска или не. Затоа, не грижете се како другите гледаат на вашиот љубовен статус.rn
13. Никому не должите објаснување за одбивање покана за љубовен состанок
rnМожеби личноста да е добра, да изгледа прекрасно и да бидете малку заинтересирани за неа, но не должите состанок само затоа што тоа било побарано од вас. Ако длабоко во себе чувствувате дека не сакате да отидете на тој состанок, тогаш не правете го тоа. Можете да понудите причина зошто го/ја одбивате, но тоа нека биде кратка и цврсто стојте на својата одлука.rn
14. Никому не должите објаснување за вашата одлука за брак
rnДали сакате да бидете во брак или не, да имате деца или пак не, тоа е ваша лична одлука. Дури и вашата мајка, која е желна да има внуци, треба да разбере дека бракот е лична одлука која не им одговара на сите.rn
15. Никому не должите објаснување за вашиот избор за љубовна врска
rnПонекогаш луѓето може да коментираат за вашата љубовна врска, што реално и не е нивен проблем. Во вакви ситуации можете да слушнете дека не сте совршен пар и дека треба да најдете друг партнер. Сепак, не објаснувајте никому. Живејте го својот живот и никогаш не напуштајте некого или пак не останувајте со одредена личност само затоа што некој друг ви го вели тоа. Ако треба, направете самите свои грешки, но секогаш треба да научите нешто од нив!rnrn