Автор: Софија СионоваrnrnПроѕирните материјали се омилена инспирација на голем број дизајнери и полека се пробиваат низ улиците. Од маичките до макси здолништата со шлиц, овој тренд брзо се здобива со популарност. Но, сепак треба внимателно да се одбираат парчињата за да не изгледате нападно и невкусно.rnrn
rn
1. Проѕирна блуза врз кошула за шик бизнис изглед
rnПроѕирното може да биде пристојно за на работа кога се носи врз конзервативна кошула. Само осигурете се дека транспарентното парче е доволно широко за кошулата да не се гужва.rnrn
rn
2. Користете проѕирни материјали за да додадете текстура на монохроматскиот изглед
rnКога целата комбинација се состои од една боја, елементите се вклопуваат целосно и проѕирноста на кое било парче е помалку забележлива.rnrn
rn
3. Користете апликации за да не се чувствувате голо
rnАпликациите привлекуваат визуелно внимание кое создава илузија дека сте повеќе покриени.rnrn
rn
4. Кроп топ под нешто проѕирно
rnМалку мрежичка или тантела е одлично ако сакате да го испробате кроп топ трендот, но сепак не сакате да изгледате нападно.rnrn
rn
5. Додадете женственост на машката силуета со помош на транспарентни материјали
rnПроѕирна кошула врз градник или маичка во комбинација со пантолони изгледа прекрасно кога сакате да делувате конзервативно, но ако посакувате посекси изглед тогаш носете здолниште.rnrn
rnrn