Понекогаш сме премногу строги со себеси. Самите си нанесуваме болка, мислејќи дека тоа е во ред, но не е. Никогаш нема да го извлечеме најдоброто до себе доколку водиме битка со нашето внатрешно „јас“. Мора да се грижиме за себе психички и физички. Прочитајте ги следниве 14 знаци и дознајте дали се почитувате доволно себеси…rnrn
rn
1. Не си го следите срцето
rnПовеќе размислувате со главата одошто со срцето. Иако понекогаш навистина треба да си го слушате разумот, неопходно е да му дадете глас и на срцето. Само затоа што чувствувате пеперутки во стомакот, не значи дека ќе ви се случи нешто лошо. Потребно е да си го слушате срцето одвреме-навреме.rn
2. Не можете да го надминете минатото
rnПремногу ве обземаат работите што сте ги направиле во минатото. Мора да се соочите со проблемите од минатото и да ги надминете.rn
3. Ги криете емоциите
rnГи потиснувате вашите емоции, наместо да се справите со нив. Ваквото игнорирање на чувствата може да предизвика долгорочни проблеми. Престанете да ги отфрлате деловите од себе што не ви се допаѓаат.rn
4. Кажувате бели лаги
rnВашиот недостаток на самодоверба ве навел да верувате дека белите лаги се неопходни. Престанете да се газите себеси и сфатете дека не треба никого да импресионирате.rn
5. Им дозволувате на другите луѓе да ве контролираат
rnНикој не треба да ви кажува што да правите со животот и како да живеете. Вие самите треба да донесувате одлуки. Секако дека треба да побарате совет понекогаш, но не мора да го следите по секоја цена.rn
6. Многу често сте гневни
rnАко поголемиот дел од времето сте лути, тогаш сигурно постои добра причина за тоа. Лутината доаѓа однатре. Ако сте ги потиснувале вашите емоции, тогаш неизбежно е многу да се разлутите во одреден момент.rn
7. Правите работи што не ви се допаѓаат
rnСекојдневно правите работи што не ви причинуваат задоволство. Ова им штети на вашиот ум и тело. Никогаш не треба да правите нешто што не ви се допаѓа. Ако си ја мразите работата, најдете работа што ќе ја сакате. Овие одлуки се многу полесни одошто мислите.rnrn
rn
8. Секогаш ги ставате другите луѓе на прво место
rnТреба да се ставате себеси на прво место. Грижата за себе треба да биде вашиот главен приоритет. Немојте да се лишувате од нештата што ви требаат за да бидете среќни.rn
9. Ви треба туѓото одобрување
rnСамо затоа што ви недостасува нешто во животот, не значи дека ќе го најдете кај другите луѓе. Барајте го вашето сопствено одобрување.rn
10. Ги осудувате другите и себеси
rnОваа навика нема да одведе никаде. Тоа само покажува колку сте несреќни. Никој не сака да биде опкружен со луѓе кои осудуваат.rn
11. Постојано се споредувате со другите
rnВие сте единствени и никој не е совршен. Можеби колешката од работа навистина има поубав нос од вашиот, но и таа мрази некои работи кај себе. Зошто да се опседнувате со работи кои не можете да ги контролирате?rn
12. Многу сте строги кон себеси
rnКога некој друг ќе згреши нешто, тоа не е голема работа, но ако вие згрешите, тогаш веднаш почнувате да се чувствувате лошо. Не се разочарувајте, бидејќи сите правиме грешки.rn
13. Им дозволувате на луѓето да ве повредуваат
rnИм дозволувате на луѓето да влегуваат и да си одат од вашиот живот како ќе им текне. Сите ве газат и тоа мора да престане. Вредите повеќе од луѓето кои ве повредуваат. Нареден пат кога некој ќе си замине од вашиот живот, затворете ја вратата засекогаш.rn
14. Прифаќате помалку одошто заслужувате
rnНе целите високо. Задоволни сте со работите што ви биле дадени и не сметате дека заслужувате нешто подобро. Не заборавајте дека заслужувате повеќе и треба да се стремите кон тоа.rnrnПрочитајте ги и следниве 4 причини зошто не е добро да се споредувате со другите.