И покрај тоа што многумина се свесни дека и 2014, како и секоја друга година нема да пројде без предизвици, сепак поголемиот дел од нас, се премногу оптимистични дека токму сега ќе настанат позитивните животни промени. Стручњаците тврдат дека среќата е избор кој можеме да го направиме, а не е нешто кое е во целост под влијание од надворешните фактори. Овие неколку ситници можете да почнете веднаш да ги спроведувате во акција, со кои ќе го подигнете доброто расположение во новата година.rnrn
rn
Прошетки
rnРедовното излегување на свеж воздух, докажано го намалува стресот и го подигнува нивото на хормонот на среќата.rn
Мали деца
rnПодеднакво како и излегувањето, присуството на малите деца во вашиот живот, инстантно го поправаат расположението.rn
Домашно милениче
rnВремето поминато во играње со домашно милениче, исто така го зголемува чувството на среќа и добро расположение.rn
Одмор од Фејсбук, Твитер, имејл сандачиња…
rnСекојдневно сме бомбардирани со илјадници информации, поради што се чувствуваме информирано, но и осамено, а тоа е научно докажано. Причината лежи во преголемото поминување време во виртуелниот, наместо во реалниот свет. Секогаш кога можете, оддалечете се од интернетот и поминете квалитетно време со вашите блиски, во стварниот свет.rn
Речете „благодарам“
rnЧувството на благодарност ви помага да се фокусирате на позитивните аспекти од вашиот живот и освен што со овој збор ќе ги усреќите оние за кои ви е грижа, и самите ќе се чувствувате поисполнето и спокојно.rn
Читајте книги
rnЧитањето книги носи повеќе бенефиции за вашето здравје, а една од нив е таа дека со книгата в рака забораваме на стресното секојдневие и лутаме со мислите во некој друг свет, поради што се чувствуваме подобро.rn
Пејте и играјте
rnВи текнува на чувството кога ќе ја слушнете вашата омилена песна? Непроценливо е зарем не?! Слушањето музика која ви се допаѓа, пеењето и танцувањето, се нешта кои секого можат да расположат, е не чинат ниту еден денар.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.