Веројатно уште од мали сте сонувале да ја пронајдете љубовта на вашиот живот. Сите луѓе, без разлика дали признаваат или не, имаат желба да бидат сакани. Проблемот е што понекогаш луѓето толку многу се фокусираат на барањето љубов од другите, што целосно забораваат да си покажат љубов кон себе. Доколку упорно ја барате љубовта, погледнете зошто наместо тоа, треба да се фокусирате на себе.rnrn
rn
1. Љубовта не е сè
rnФилмовите, сериите и разните приказни ни кажуваат дека сè што ни е потребно е љубовта. Но, ова не е вистина. Љубовта би требало да ви биде цел, а не фокус. Таа е неверојатна и минувањето време со саканата личност е бесценето, но постојат и други нешта кои го бараат вашиот фокус и кои се исто важни колку и љубовта.rn
2. Љубовта може да ви го одвлече вниманието од вашите цели
rnДали сакате да патувате или да одите на факултет во друга држава? Ова се навистина тешки подвизи доколку се фокусирате на врска. Многу е полесно да ги поставите и постигнете целите кога не сте врзани. А којзнае, можеби ќе ја најдете сродната душа додека ги исполнувате вашите амбициозни цели.rn
3. Нема засекогаш да бидете сингл
rnВо некој момент од животот, ќе се појави вашата личност од соништата и ќе ви го промени целиот свет. Но, ова можеби нема да се случи сега. Има некоја слобода во тоа да бидете сингл, па зошто да не уживате во ова? Сега можете да правите што сакате, а самото тоа е неверојатно.rn
4. Врските значат компромис
rnШтом ќе запознаете некој и врската ќе стане сериозна, ќе откриете дека без компромис, ништо нема да функционира. Ова може да биде особено тешко доколку вие и партнерот имате различни цели или желби. Па, искористете го овој сингл период да се преселите во градот што го сакате и да аплицирате за работата од соништата. Можеби партнерот би ве поддржал во ова, но засега фокусирајте се на себе и бидете себични уште малку.rn
5. Најпрво сакајте се себеси
rnВажно е да се разберете себеси пред да се поврзете со некој друг. Како ќе му ја дадете потребната љубов на партнерот ако не можете да си ја дадете ни себеси?rn
6. Опуштено состанување
rnОпуштеното состанување може да биде забавно, па зошто да не го пробате? Можете да запознаете навистина интересни луѓе, а ова ќе ви помогне да откриете што навистина сакате од вашиот партнер.rn
7. Љубовта се случува кога никој не ја бара
rnДали некогаш сте барале нешто и сте го пронашле веднаш штом сте се откажале? Ова може да се случи и со љубовта. Кога најмалку очекувате, во вашиот живот ќе се појави вистинската личност, па бидете подготвени и за тоа.rn
8. Секогаш ќе се имате себеси
rnПартнерите доаѓаат и си одат, но секогаш ќе се имате себеси. Низ сите подеми и падови, сите добри и лоши нешта, вие секогаш ќе бидете вашиот најдобар пријател.rn
9. Ќе бидете подобар партнер
rnЖивотот е одличен учител, а многу од лекциите се за љубовта. Конфликтите со другите ќе ве научат на воздржување и барање решение. Секоја ситница во вашиот живот, всушност ве подготвува за врската со неверојатниот партнер што ве чека во иднина.rn
10. Ќе го избегнете скршеното срце
rnНеизбежно е во потрагата по вистинската љубов да останете со скршено срце. Навистина е тешко да одредите на кого да му верувате, но кога нема да брзате, полесно ќе го препознаете сериозниот партнер кој нема да ве повреди.rn
11. Љубовта бара многу работа
rnНавистина вреди, но љубовта не е лесна. Потребно е да бидете подготвени за сите тешки периоди, за да можете да уживате во убавите. Нештата како деца, брак и финансии се огромни одлуки, па доколку не се согласувате со партнерот, сигурно ќе се појават проблеми. За љубовта да трае, потребно е засега да научите како да се фокусирате на себе, така што во иднина ќе можете да се фокусирате и на партнерот.rn
12. Пријателите се важни
rnФокусирајте се на пријателите наместо на потрагата по совршениот партнер. Покрај вашето семејство, и пријателите ќе бидат долго со вас. Тие ќе бидат овде кога нештата ќе тргнат на лошо.rn
13. За вистинска љубов потребно е време
rnНајдобриот вид љубов бара време да се развие. Веројатно сте слушнале за фазата меден месец. Ова е можеби забавно, но тоа не е љубов. Минувањето низ добро и лошо и соочувањето со искушенија и расправии ја сумира вистинската љубов. Бидете трпеливи, ќе го дочекате и ова.rn
14. Вие сте сосема доволно
rnВие сте моќни и повеќе од способни да бидете сè што ви е потребно. Никој не треба да ви го кажува ова, бидејќи длабоко во себе го знаете. Вашиот партнер треба да ве поддржува, а не да пополни некоја празнина. Оваа личност треба да може да ви покаже колку сте неверојатни и сами.rnrnПогледнете ги и советите што ќе ви помогнат да ја развиете љубовта кон себе.
