Мора да биде ужасно да се чувствуваш неудобно во сопствената кожа. Зошто би живееле со тоа чувство? Зарем постои некој кој е совршен? Зошто вие би требало да бидете совршени? Ова се 14 причини зошто треба да престанете да бидете опседнати со тежината и да почнете да се сакате себеси токму онакви какви што сте.rnrn
rn
1. Вашиот живот нема да се промени ако изгубите некое кило
rnМислите дека сè што треба да направите е да изгубите некое килце? И што потоа? Зарем ќе бидете посреќни, ќе го живеете ли животот од соништата? Не, нема да се промени ништо, она што треба да се промени е вашата перцепција за самите себе.rn
2. Вашата среќа не е правопропорционална со килограмите
rnКлучно е да уживате во животот и да ви биде удобно во сопствената кожа, а тоа не секогаш е правопропорционално со вашата тежина. На пример, девојка која тежи 65 килограми може да се повлекува во себе и да пати од комплекси за својата тежина, додека девојка која тежи многу повеќе може да биде среќна, опуштена и отворена за животните авантури.rn
3. Никогаш, никогаш нема да го достигнете „совршенството“
rnСовршенство не постои, сè е во тоа како гледате на нештата. Доколку не научите да бидете задоволни од сопственото тело сега, нема да научите никогаш. Секогаш можеш да бидеш послаб/а или повисок/а, или подобро обликуван/а. Наместо да го трошите времето итајќи кон нереална и непостоечка цел, искористете го животот правејќи ги нештата кои ги сакате.rn
4. Патењето од комплекси ве спречува да ја видите реалната слика
rnДоколку тргнете кон огледалото со помислата дека изгледате лошо, дека имате прекумерна тежина, дека не сте привлечни ни убави, токму таа слика ќе ја видите во огледало.rnrn
rnrn
5. Бидејќи имате многу попаметни работи отколку грижата околу килограмите
rnРеално, постојат толку многу нешта кои можете да ги направите, толку многу цели и соништа за остварување и толку многу животи може да разубавите. Не дозволувајте си да се затворите во сопствените мисли наместо да излезете и да го искусите животот.rn
6. Доколку не се вреднувате сами нема да ве вреднуваат ни другите
rnПрестанете да се споредувате со другите, престанете да си припишувате помала вредност себеси. Ако не се цените самите не очекувајте некој друг да ве вреднува ни малку.rn
7. Храната е вкусна и е создадена да се јаде
rnЗошто да се одрекувате од слатките задоволства? Зошто да си поставувате лимити и забрани кога дел од искусувањето на животот значи вкусување на храната. На пример, кога патувате во други земји ги јадете нивните специјалитети. Љубовта кон животот неретко доаѓа преку стомакот. Не сакате да бидете личност која го вкусува парчето чоколада за миг па веднаш го плука за да не се здебели.rnrn
rnrn
8. Сè додека сте здрави, во ред е
rnАко здравјето ви е во опасност и треба да ослебнете и да се ставите на посебен режим на исхрана, тогаш да, и тоа задолжително. Но сè додека сте здрави, уживајте во животот без постојана потреба да се промените. Не претерувајте премногу количински со храната и движете се колку што можете почесто, заради вашето здравје, а не за туѓите очи.rn
9. Изгледот не е траен
rnСекој се менува и со тек на годините и вашето тело ќе се менува. Уживајте во тие промени, дозволете му на секој период од животот да си го направи своето, бидете природни и спонтани, а не преокупирани трудејќи се да достигнете нешто што не постои. Бидејќи токму така ќе го пропуштите сето она што се случува во меѓувреме – животот.rn
10. Бројте ги искуствата во животот, а не килограмите
rnОна што сте го искусиле и доживеале, она што сте го направиле, научиле, начинот на кој живеете, ја создава целосната слика за вас и ве прави она што сте.rn
11. Оние кои се претерано опседнати со изгледот се здодевни личности
rnДа бидеме искрени, колку брзо би ви здодеала личност која постојано се жали за својот изглед? Веројатно ќе ја сметате за нестабилна личност без ронка самодоверба која само бара комплименти. Зошто би се претвориле во такво нешто?rnrn
rnrn
12. Има разлика меѓу топ модел и обична девојка
rnПогледнете се во огледало. Што би било кога за вас би се грижеле професионални шминкери и фризери и би биле на строг режим на исхрана и секоја ваша слика би била лудо фотошопирана? Би биле уште поубави одошто сте (барем според некои критериуми), но тоа не значи дека не сте прекрасни како „обични луѓе“.rn
13. Затоа што навистина сте прекрасни
rnА опседнатоста со своето тело не ви дозволува да го согледате тоа.rnrn
rnrn
14. И за крај, затоа што секогаш може да пуштите настап на Бијонсе и да играте смело чувствувајќи ја и сопствената моќ
rnrn
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.