Навистина е важно да се грижите за себе, да бидете задоволни од личноста којашто сте и пред сè, да сакате. Сепак, многу луѓе не можат да си ја пружат љубовта која им е потребна, а со тоа ги запоставуваат нивните потреби и желби. Постојат неколку знаци или однесувања кои покажуваат дека не се сакате доволно. Ако се пронајдете на листава, време е да обрнете повеќе внимание кон себе.rnrn
rn
1. Ги бришете објавите од социјалните мрежи
rnАко вашето селфи не добие доволно лајкови, ја бришете фотографијата бидејќи сметате дека не сте изгледале толку добро. Потребно ви е признание од другите за да се чувствувате добро за себе.rn
2. Се вљубувате во токсични луѓе
rnСигурно сте биле заглавени во еднострана врска. Ова се врски каде што секогаш вие ја испраќате првата порака и само вие правите планови. За возврат не добивате ни малку од заслуженото внимание. Постојано се вљубувате во погрешни луѓе бидејќи вашите стандарди се премногу ниски. Не сфаќате што навистина заслужувате.rn
3. Се обвинувате за сè
rnАко некој ве напушти, веднаш мислите дека сте направиле нешто погрешно и сте го избркале. Ако на некој му е потребно подолго време да ви одговори на пораката, претпоставувате дека го вознемирувате со вашето внимание. Секогаш мислите дека вие сте виновни бидејќи не сте сигурни во себе.rn
4. Ги ставате другите на пиедестал
rnПостојат некои пријатели, па дури и славни личности како кои би сакале да бидете. Посакувате да ја имате нивната коса, нивното тело, нивната насмевка или нивниот живот. Сметате дека се супериорни во однос на вас бидејќи не можете да видите колку всушност имате да понудите.rn
5. Страв ви е од одбивање
rnМногу ретко го правите првиот чекор кога ви се допаѓа некој бидејќи секогаш очекувате да добиете негативен одговор. Претпоставувате дека ќе ви го скршат срцето. Тешко ви е да поверувате дека некој навистина може да има чувства кон вас бидејќи секогаш се гледате како товар.rn
6. Не сакате да поминувате време сами со себе
rnСекогаш сакате да бидете опкружени со луѓе бидејќи се чувствувате непријатно кога сте сами. Не сакате простор да размислувате за сите грешки од минатото и за да се грижите што може да се случи во иднина. За вас времето поминато со себе значи претерано размислување.rn
7. Ги ставате другите пред себе
rnБи направиле речиси сè за да им помогнете на семејството и пријателите. Сакате да бидат среќни. Но, никогаш не сте се запрашале што вам ви е потребно бидејќи секогаш повеќе ги цените туѓите мислења отколку вашите.rn
8. Лесно се откажувате
rnНе верувате во вашите способности. Не мислите дека го имате она што е потребно за да успеете. Претпоставувате дека ќе доживеете неуспех, дека нема поента во обидувањето, па се откажувате уште пред да си дадете шанса.rn
9. Сметате дека ќе ви се случуваат само лоши работи
rnИмате чувство како целиот свет да е против вас. Мислите дека секогаш ќе бидете мизерни, па не се ни обидувате да ја промените вашата среќа. Не се сакате доволно за да се потрудите да го пронајдете вашиот пат.rn
10. Претерано се натпреварувате
rnГи мразите луѓето кои се поуспешни, поубави и попаметни од вас. Мислите дека нивниот успех го прави вашиот помалку посебен. Постојано се споредувате со другите бидејќи единствениот начин да се чувствувате добро за себе е да ги „победите.“rn
11. Избегнувате фотографирање
rnСекогаш кога вашите пријатели даваат предлог за групна фотографија, вие сакате да бидете фотографот. Па дури и кога правите фотографија од вас, користите разни филтри бидејќи само така се чувствувате убаво.rn
12. Го запоставувате вашето здравје
rnПостојано ги одложувате посетите на лекар. Поминувате денови без туширање и ја запоставувате личната хигиена. Воопшто не сте заинтересирани во грижата за себе. Никогаш не сте си приоритет.rn
13. Секојдневно се критикувате
rnНе можете да погледнете во огледало, а да не помислите колку ви е несредена косата, колку ви е сува кожата или колку килограми сте качиле. Секогаш имате некоја критика за себе и никогаш не наоѓате нешто позитивно.rnrnПрочитајте ги и советите што ќе ви помогнат да ја развиете љубовта кон себе.
