Зошто ја сакаме Македонија?

Сподели

Ако почнете да размислувате за причините поради коишто ја сакате Македонија, сигурно ќе ви требаат денови за да сфатите што сè што е поврзано со нашата земја ви предизвикува чувство на топлина. Веројатно затоа нам, на целиот тим на Кафе пауза, ни требаше толку многу полемика и давање причини „за“ и „против“. На крајот сепак составивме листа од 25 причини кои, сакале или не, ќе ве потсетат на вашата татковина секогаш кога ќе се споменат.

Реклама

rn Најубавото знаме на светот

Македонскиот јазик, затоа што кирилицата е ретка Денарите, кои е убаво да ги имаш в џеб Ајварот, македонскиот мирис на есента Охридското Езеро, кое секогаш ќе биде „наше море“ 365 цркви во Охрид, по една за секој ден Мистичните македонски планини …а колку се убави и Маврово, Пешна, Радика, Кораб, Малешевијата… Тоше Проески, кому уште долго ќе му се слуша гласот иако веќе не е помеѓу нас Зоран Маџиров, човекот кој пронајде музика таму каде што никој претходно не ја побарал Галичката свадба Карневалите во Вевчани и Струмица Најубавите домати на светот од кои се прави прекрасна салата… …која многу добро оди со домашна жолта ракија Тетовското тавче гравче Ривалството меѓу градовите (кавадарчани и неготинци најдобро си знаат) Националните репрезентации кои играат светски ракомет и кошарка Преубавата македонска литература Фестивалите на пивото, кои си ги увезовме од странство, но си ги тераме по наша мерка Македонските народни приказни „Голем град“ – единствениот остров кој го имаме Квалитетното вино кое го обожаваат и наши и странци Долгата традиција на куќната слава, ден кога чекаме гости на богата мрсна или посна трпеза Превкусните ресенски јаболка на кои никој не останал рамнодушен И за крај… чичкото кој пее „старо купуем“ и со насмевка нѐ буди за време на викендите

Слободно надополнете ја нашата листа во коментари. 🙂

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира