Вашата самодоверба може да се подобри ако му додадете неколку детали на вашиот изглед, како што се вашиот омилен кармин или модерна белезица. Но, постојат одредени делови од вашиот изглед што ненамерно ги игнорирате, а може да го направат вашиот труд залуден.rn
1. Видливи прерамки од градникот
rn
rnrnСега постојат многу модерни градници, но кога станува збор за обичните градници, тие може да бидат несоодветни и да ја уништат вашата комбинација.rnrnРешение: Пробајте различни форми на долна облека и не плашете се од градници без прерамки.rn
2. Дамки од дезодоранс
rn
rnrnМногу често се случува да не ги забележите дамките од дезодоранс кај себе, но тие прават огромна разлика, особено ако носите нешто темно.rnrnРешение: На пазарот има многу дезодоранси што не оставаат дамки, па заменете го обичниот дезодоранс ако има потреба.rn
3. Премногу долги ракави
rn
rnrnПремногу долгите ракави ќе направат да изгледате како дете, плус може да бидат многу непрактични.rnrnРешение: Научете како модерно да ги завратите ракавите. Тоа ќе го подобри вашиот изглед. Друго решение е да најдете добар кројач и да ги скратите ракавите.rn
4. Пудра што не одговара на вашиот тен
rn
rnrnНекои производи што содржат заштитен фактор може да направат да изгледате бело на фотографиите поради нивните заштитни состојки.rnrnРешение: Ако знаете дека ќе бидете фотографирани, одлучете се за хемиски крем за сончање или крем со низок заштитен фактор.rn
5. Износени додатоци што не се совпаѓаат
rn
rnrnМодните додатоци се наменети за да ја комплетираат вашата комбинација и да ве истакнат. За жал, понекогаш тие може да го направат токму спротивното.rnrnРешение: Обрнете внимание на целокупниот изглед на вашите модни додатоци. Избледената боја и старата кожа не изгледаат убаво.rn
6. Чевли што не одговараат на вашите нозе
rn
rnrnСигурно барем еднаш во животот сте го жртвувале сопствениот комфор за симпатичен пар чевли. За жал, тоа е многу забележливо за луѓето околу вас, а освен тоа, речиси се неподносливи за носење.rnrnРешение: Удобноста е на прво место, тоа е правило, не игнорирајте го. Размислете за тоа како можете да ги носите чевлите во различни временски услови и земете го предвид фактот дали ви отекуваат нозете.rn
7. Пропуштена јамка за ремен
rn
rnrnОва е мала грешка, но дефинитивно ќе го привлече вниманието.rnrnРешение: Добра идеја е да набавите големо огледало каде што ќе можете да го видите целото телото. На тој начин нема да ги пропуштите овие мали детали.rn
8. Првут или влакна на облеката
rn
rnrnОвде не станува збор само за неуредна облека, туку луѓето може да се посомневаат во вашата хигиена.rnrnРешение: Проверете ја облеката откако ќе ја измиете косата за да ја исчистите од влакната и од првутот. Ролерот за влакна ќе ви помогне во оваа ситуација.rn
9. Дамки од пудра
rn
rnrnМоже да биде навистина вознемирувачки да нанесете шминка, па да облечете убава блуза и целосно да ги уништите и двете. Многу е лесно да не ги забележите дамките од пудра кога брзате, но дефинитивно привлекуваат несакано внимание.rnrnРешение: Инвестирајте во добар фиксатор за шминка. Друго решение е да ја покриете главата со парче ткаенина и потоа да ја облечете блузата. Исто така, не треба да нанесувате пудра под вратот.rn
10. Несредени стапала
rn
rnrnКолку често гледате во сопствените стапала? Несредените стапала може да го уништат вашиот изглед ако носите сандали.rnrnРешение: Правете пилинг на стапалата на секои 2 дена и нанесувајте крем секоја вечер пред спиење.rn
11. Носење ластик за коса како белезица
rn
rnrnЛастикот за коса што го носите на вашата рака може да изгледа малку невкусно, па подобро е да ја прескокнете оваа навика.rnrnРешение: Чувајте го ластикот за коса во чантата за да бидете сигурни дека е секогаш тука кога ќе ви затреба.rn
12. Валкани уши
rn
rnrnНе станува збор само за ушните канали, туку и за целото уво. Некои луѓе го прескокнуваат миењето на надворешното уво, но таму се собира исто толку нечистотија колку и во вашите ушни канали.rnrnРешение: Мијте го надворешното уво секојпат кога се туширате или ја миете косата.rnrnПогледнете кои 5 бои кои ја прават зимската гардероба да изгледа многу поскапо.