КАФЕ ПАУЗА

12 знаци кои укажуваат на емоционална нестабилност

12 знаци кои укажуваат на емоционална нестабилност

Written by

in

,

Кога започнувате нова врска, најверојатно претпоставувате дека новиот партнер е емоционално зрел. Но понекогаш дури подоцна откривате дека станува збор за емоционално нестабилна личност, која не може да опстане во здрава врска. За да ги избегнете ваквите ситуации, погледнете кои се знаците кои укажуваат на емоционално нестабилна личност.rnrn12 знаци кои укажуваат на емоционална нестабилностrn

1. Ниска самодоверба и проблеми со верувањето во себе

rnЛуѓето кои не можат да си веруваат и ја ставаат нивната доверба во туѓи раце, често страдале од некаква траума. Траумите од детството можат да предизвикаат интензивен страв од напуштање и од одбивање, со тоа намалувајќи ја самодовербата на личноста. Најчесто овие луѓе се возрасни кои ги идеализираат другите и ја даваат нивната моќ, надевајќи се дека другата личност ќе се грижи за нив. Ова предизвикува одбивање, бидејќи никој не може да биде достапен за нив 24 часа на ден.rnrnИако можеби ви изгледа добро да бидете ставени на пиедестал и некој да ви верува толку многу, доколку довербата доаѓа од ниска самодоверба, а не од интимноста помеѓу вас, тогаш таа доверба нема никаква врска со вас. Партнерот само се обидува да ги излечи неговите рани и да најде спасител.rn

2. Лошо физичко здравје

rnФизичкото и менталното здравје одат заедно. Емоционално нездравата личност ќе има тешкотии во одржувањето на физичкото здравје. Од друга страна, лошото физичко здравје води до проблеми со емоционалното. Ова може да се претвори во лош циклус кој ќе трае сè додека личноста не преземе одговорност и не најде решение.rnrnНеспособноста да се води здрав начин на исхрана, спиење и вежбање е знак дека личноста не го цени своето здравје. Ова може да биде недостаток од љубов кон себе или емоционална нестабилност.rn

3. Откажување планови

rnИако на секој му се случило да откаже нешто, кога некој постојано го прави ова проблемот е најверојатно поголем и потекнува од емоционална нестабилност и ниска самодоверба.rn

4. Проблеми со зависности

rnЗависноста може да биде од храна, супстанци, лекови, кофеин или алкохол. Она што е заедничко е тоа што личноста користи надворешен стимуланс со кој ќе ја намали болката. Личноста зависна од хемикалии не може целосно да ѝ се посвети на врската, бидејќи постојано ќе размислува за следната доза. Оваа личност само ќе бара начин да ја намали својата болка.rn

5. Недостаток од граници

rnДоколку набљудувате нечии лични и професионални врски, можете да откриете како таа личност се чувствува за себе. Личноста во лоша врска што не знае да постави граници, страда од ниска самодоверба и смета дека никогаш не е доволно добра. Важно е да бидете скромни, но важно е и да имате самодоверба и здрава слика за себе.rnrnНа емоционално нестабилните луѓе им е тешко да ја прифатат и ценат љубовта, бидејќи сметат дека не ја заслужуваат. Поради ова остануваат и во лоши врски.rnrnЛичноста со самодоверба која ја цени нејзината работа ќе соработува со луѓе што ја ценат. Но ако некој ги нуди неговите услуги за ниска цена или бесплатно, најверојатно ги става туѓите потреби пред своите. Ова укажува на посериозни проблеми кои треба да се решат пред личноста да може да функционира во зрела и здрава врска.rn

6. Песимистички поглед кон животот

rnВербата е важна состојка во здравиот и исполнет живот. Таа ѝ дозволува на личноста да се соочи со која било пречка во животот и да излезе посилна. Ментално силната личност има доза верба во своите способности. Личноста која нема верба во себе воглавно има песимистички поглед кон животот и смета дека не може да се справи со животните предизвици.rn

7. Пребрзо движење напред

rnМоже да биде навистина возбудливо да сретнете некој кој тврди дека веднаш се вљубил во вас. Но, ова не секогаш значи дека личноста се поврзала со вас. Доколку партнерот претерува со споделување на почетокот и сака да знае сè за вас, можеби само ви ја бара слабоста. Здравите врски имаат природен ритам. Одвојте време да запознаете некого пред да му го подарите срцето. Здравата интимност и довербата се градат со текот времето. Овие гестови и внимание можеби изгледаат слатко, но најчесто се знак за емоционална нестабилност.rn

8. Непокажување емоции

rnНепокажувањето емоции е ист показател за емоционална нестабилност како и претераното реагирање. Доколку партнерот не реагира или ја менува темата кога ќе му кажете некој проблем, најверојатно му недостига емпатија и емоционална чувствителност. Овие две нешта се важен дел од здравата врска.rn

9. Непреземање одговорност за однесувањето

rnЕмоционално здравата и зрела личност секогаш презема одговорност за нејзиното однесување. Овие луѓе знаат кога направиле грешка и се обидуваат да го поправат тоа. Кога некој верува дека ништо не е негова вина и сите останати треба да се променат, тогаш станува збор за емоционално нестабилна личност.rn

10. Создавање драма за внимание

rnЛичноста која нема здрава слика за себе не ѝ приоѓа на врската како партнерство помеѓу две еднакви личности. Таа ќе проба да предизвика непотребна драма со цел да го привлече вашето внимание и да го нахрани нејзиното его.rn

11. Загриженост за надворешниот изглед

rnЛуѓето кои се фокусирани само на нивниот надворешен изглед се несигурни во себе. Личноста која не се чувствува удобно во својата кожа и не се сака онаква каква што е, ќе има проблеми со безусловната љубов и поддржување на партнерот.rn

12. Инстинктот ви кажува нешто

rnПонекогаш едноставно треба само да го слушате вашиот инстинкт. Нашите тела можат да ги почувствуваат вибрациите на другите. Доколку чувствувате напнатост кога сте со некого, најверојатно инстинктот ви кажува дека треба да бидете внимателни со таа личност.rnrnДоколку вашиот партнер не сака да се приврзе емоционално, погледнете кои се причините за тоа.