rn
7. Корални усни
rnКога деновите се сиви и тмурни, додајте малку боја на нив. Коралниот кармин одговара на сите тонови кожа и ќе ве потсети на сончевите, топли денови.rn
8. Бордо сенка
rnБордо бојата за очи е одамна хит. Без разлика дали ќе нанесете само малку од оваа боја или ќе се одлучите за целосни „зачадени“ очи во овие нијанси, нема да погрешите.rn
9. Електрично син ајлајнер
rnДодајте малку впечатливост на вашиот изглед со помош на силно сината боја. Нека остатокот од шминката биде ненападна, за фокусот да остане на вашите очи.rn
10. Бојадисани усни
rnУсните со боја на вишна едноставно мамат на бакнежи. Нанесете кармин во форма на крема на средина на усните, а потоа со четка или прстите размачкајте го кон краевите.rn
11. Металик златна сенка
rnНе постои погрешна доба од денот за сенка со боја на злато. Нанесете златна сенка во неколку нијанси на очите, а на трепките ставете повеќе слоеви маскара.rn
12. Готик кармин
rnАко сакате мистериозен зимски изглед, одлучете се за темен мат кармин. Баш како и девојката на фотографијата, обидете се остатокот од шминката да ви изгледа природно.
Што се однесува до модата, овие 10 трендови ќе владеат во 2018-та година, а многу од нив веќе ги имате во вашиот гардеробер.

