12 здравствени придобивки од лукот што не смеете да ги занемарите

Сподели

Лукот е една од најстарите култивирани билки, присутна речиси во секоја кујна ширум светот. Тој е одличен не само при готвење, туку добар е и за здравјето воопшто. Неговите лековити својства се навистина непроценливи. Во минатото лукот се користел како лек за настинка и грип, за намалување на ризикот од развој на дијабетес и кардиоваскуларни заболувања.

Реклама

Во продолжение прочитајте кои се и другите корисни својства на оваа исклучително здрава билка.rn

1. Има висока хранлива вредност

rnЛукот е особено богат со витамин Ц, Б6 и калиум. Покрај тоа, содржи витамини А, К, фолати и многу минерали (181 mg на 100 g), железо (1,7 mg), магнезиум (25 mg), фосфор (153 mg), цинк (1,2 mg) и селен. Едно чешне лук (3 g) содржи околу 4,5 калории, 0,2 g протеини и 1 g јаглехидрати.rn

Реклама

2. Влијае врз нивото на шеќер во крвта

rnЛукот може да им помогне на дијабетичарите да го контролираат нивото на шеќер во крвта бидејќи содржи манган (1,67 mg на 100 gr), a возрасен човек треба да консумира од 2,5 до 5 mg манган дневно. Манганските соли се карактеризираат со хипогликемично дејство, односно ја намалуваат количината на шеќер во крвта.rn

3. Содржи сулфурни соединенија

rnЛукот изобилува со органосулфурни состојки и благодарение на нив се должи неговата арома, вкусот и лековитите својства. Тие имаат силни биолошки ефекти кога ќе дојдат во контакт со одредени молекули во телото.rn

4. Го намалува нивото на холестерол

rnЛукот и неговите органосулфурни состојки го намалуваат нивото на холестерол во црниот дроб преку блокирање на клучниот ензим за синтеза на холестеролот.rn

Реклама

5. Го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести (а со тоа и ризикот од срцев или мозочен удар)

rnИстражувањата покажале дека лукот и неговите состојки помагаат во регулирање на крвниот притисок. Како што веќе споменавме, лукот помага и во намалувањето на лошиот холестерол. Во двата случаи постои ризик за кардиоваскуларни болести.rn

6. Има антиинфламаторно дејство

rnВоспалението е природна реакција на телото во случај на повреда или инфекција – затоа игра клучна улога во процесот на заздравување. Сепак, хроничното воспаление го зголемува ризикот од многу болести, вклучувајќи дијабетес, кардиоваскуларни болести, ревматоиден артритис како и некои видови рак. Истражувањата покажале дека лукот ја намалува појавата на воспалителни молекули.rn

7. Влијае поволно врз гастроинтестиналниот тракт

rnЛукот ја подобрува функцијата на гастроинтестиналниот тракт благодарение на антимикробните и пребиотските својства. Пребиотиците се хранливи материи кои се неопходни за здрава цревна флора и го забрзуваат растот на корисните бактерии во организмот. Лукот исто така делува и против цревните паразити и го забрзува варењето на храната.rn

8. Го намалува ризикот од Алцхајмерова болест

rnБројни истражувања покажале дека лукот го унапредува когнитивното здравје кај постарите лица и го намалува ризикот од одредени болести како на пример деменција. Познато е дека лукот ја спречува појавата на артериосклеротични промени.rn

9. Делува против бактерии

rnВо 1858 година Луј Пастер го открил антибактериското дејство на лукот, а за време на Втората светска војна лукот се користел како антисептик за спречување на гангрена. Преку лабораториски експеримент е докажано дека бактеријата Helicobacter pylori која може да доведе до појава на рак на желудникот, е чувствителна на свеж лук.rn

10. Го зајакнува имунолошкиот систем

rnЛукот се карактеризира со антивирусни својства и може да помогне при настинка. Тој ја ублажува и кашлицата и помага при хроничен бронхитис.rn

11. Делува против ракот

rnЛукот ги инхибира ензимите од првата фаза кои ги формираат канцерогените метаболити и ги активира ензимите од втората фаза кои ги ловат и отстрануваат канцерогените метаболити. Состојките на лукот ги уништуваат канцерогените клетки.rn

12. Лукот е моќен антиоксиданс

rnЛукот содржи антиоксиданси, супстанции кои го штитат организмот од штетните оксиданти, а тоа најчесто се слободните радикали. Слободните радикали ги уништуваат здравите клетки и ги претвораат во канцерогени, а корисниот холестерол го претвораат во штетен. Задачата на антиоксидансите е да ги неутрализираат слободните радикали и да одржуваат здрава рамнотежа во организмот. Докажано е дека консумирањето лук ја зголемува активноста на некои антиоксидантни ензими.

Откако прочитавте кои се здравствените придобивки на лукот, ви препорачуваме да го прочитате рецептот за вкусни шпагети со печен лук и пармезан.

Извор: citymagazine.danas.rs

 

Најново

Може ќе ве интересира