12 совети кои ќе ви помогнат да се спасите од труење со храна

Сподели

rn

Реклама

7. Мед

rnПроизводителите на мед користат разни трикови за да ја зголемат неговата маса. Тие додаваат сè од скроб и варовник до брашно.

Како да проверите: Растворете една лажичка мед во вода, а потоа додајте неколку капки оцетна киселина. Ако мешавината почне да прави меури, медот има варовник. Брашното и скробот можете да ги забележите со додавање јод. Мешавината ќе добие темна боја.rn

8. Вино

rnНекои видови вина може да бидат лажни. Обично тие се направени од вино во прав.

Како да проверите: Во една лажица сода бикарбона ставете малку вино. Ако мешавината добие сина боја, тоа значи дека пиете вистинско вино. Во спротивно бојата нема да се промени.rn

9. Мајонез

rnКвалитетниот мајонез содржи само мешавина од јајца. Но, понекогаш се користат скроб и адитиви кои може да бидат штетни за вас.

Како да проверите: Неколку капки јод ќе ви помогнат да откриете дали има скроб во мајонезот. Тој ќе добие темна боја.rn

10. Риба

rnБидејќи овој производ има краток рок на траење, потребно е да бидете особено внимателни.

Како да проверите: Очите и кожата на рибата мора да имаат иста боја, крлушките треба да бидат исти, а жабрите црвени. Ако рибата е стара жабрите ќе имаат темна боја и ќе има лош мирис.rn

11. Јајца

rnИ јајцата имаат краток рок на траење, па важно е да се осигурите дека се свежи.

Како да проверите: Наполнете чаша со студена вода и ставете го јајцето во неа. Ако потоне, јајцето е свежо. Ако е на средината не е толку свежо, но може да се искористи за варење. Ако јајцето исплива на површината најдобро е да го фрлите.rn

12. Свежо овошје

rnДенес фармерите користат многу хемикалии додека ги одгледуваат овошките. Па многу од нив може да користат пестициди и нитрати.

Како да проверите: Земете неколку јагоди, згмечете ги и измешајте ги со шеќер. Свежите јагоди без пестициди ќе имаат многу сок. Исто така ќе имаат овошен мирис и ќе бидат црвени, а не темни. Портокалите треба да бидат меки, со еднаква боја и да немаат мувла.

Најново

Може ќе ве интересира