Некои луѓе навистина уживаат во храната со чуден мирис и необичен вкус. Други пак сакаат да јадат храна што понекогаш може да биде и смртоносна. Дали и вие спаѓате во некоја од овие категории? Погледнете ја следнава листа „опасна“ храна што малкумина се осмелуваат да ја пробаат.rn
1. Карамбола
rnНа прв поглед ова овошје изгледа безопасно, па дури и здраво бидејќи содржи многу витамин Ц. Но, луѓето со гастритис подобро е да го избегнуваат бидејќи е премногу кисело. И здравите индивидуи не треба да претеруваат со консумирање бидејќи може да предизвика проблеми со бубрезите.rn
2. Фсих
rnОвој египетски деликатес е ферментирана риба. Иако ова јадење е традиционално, здравствените организации препорачуваат дека последиците може да бидат смртоносни.rn
3. Жаба-бик
rnОваа голема жаба е деликатес во африканската и азиската кујна. Кога е правилно подготвена, жабата не е опасна. Но, нејзините органи и кожа се отровни.rn
4. Фугу
rnРибата која се користи за овој специјалитет содржи големо количество од отровот тетротоксин. Готвачите поминуваат низ посебна обука за да научат како правилно да ги отстранат отровните делови, но и ова не ви дава целосна сигурност бидејќи секоја година од него умираат по неколку луѓе во Јапонија.rn
5. Касу Марцу
rnБуквалниот превод значи „скапано сирење“, а всушност и за тоа станува збор. Ларвите наводно му даваат неверојатен вкус на сирењето. Сепак, ова сирење може да предизвика многу алергиски реакции, труење, како и инфекција со ларви.rn
6. Пангиум едуле
rnОва не е ни овошје, ни јаткаст плод. Всушност ова е семката од дрвото келуак која многу се користи во Јужна Азија. Семките содржат хидроген цијанид. За да се подготват за јадење, тие се зовриваат во вода, а потоа се закопуваат во пепел и листови од банана и се оставаат 40 дена.
Продолжува на следната страница…rn

