Некогаш самите себеси знаеме да си бидеме најголеми непријатели и саботери. Овие работи не смеете да си ги речете себеси од проста причина што или се невистинити или пак небитни.rnrn
rn
1. „Посакувам да немав толку лоша среќа“
rnЈа знаете приказната за човекот кој упорно се жалел дека никогаш не добил на лото иако никогаш немал уплатено ливче? Не можете да се дефинирате како баксузи по неколку неуспешни обиди во нешто. Мислите дека другите околу вас добиваат при секој обид? Среќата зависи само од вас самите и од вашата упорност.rn
2. „Премногу е доцна за мене“
rnДа, кажете ѝ го тоа на бабичката која зема часови за возење или средовечниот човек кој за првпат скока банџи. Годините се бројки, младоста е во срцето. Може да констатирате дека вашето време минало или пак да го направите она што никој не го очекувал од вас. Стар/а сум, е само изговор, не е причина.rn
3. „Но, што ќе помислат другите?!“
rnАко некој е вреден да го задржите како ваш пријател, тој ќе ве поддржува и ќе ве прифати такви какви што сте, затоа престанете да се обидувате да ги импресионирате другите. Не сакате да се разбудите еден ден со помислата дека сте го живееле животот за нечиј друг ќеф наместо за ваш.rn
4. „Толку сум глупав/а, не вредам за ништо“
rn
„Ако ја проценувате рибата според тоа како се искачува на дрво, ќе го мине целиот живот мислејќи дека е глупава.“ – Алберт Ајнштајн
rnПрестанете да се омаловажувате, никој ги нема сите можни одговори за сè. Наместо да се потиснувате и обвинувате дека не сте способни за нешто, фокусирајте се на стекнување повеќе знаење и искуство за она во што сте добри.rn
5. „Никој никогаш нема да ме сака“
rnАко седите дома постојано жалејќи се дека никој не ве сака, наскоро ќе престанете да се сакате и самите (ако веќе не сте престанале). Од каде знаете дека никој нема да ве сака? Бидејќи милувате да се самосожалувате? Постојат личности на кои им значите премногу, кои ве сакаат, кои не можат да го замислат животот без вас. Не ви звучи крајно себично вашата желба да го пронајдете романтичниот партнер наместо да им ја возвратите љубовта на оние кои се грижат за вас? А љубовта ќе ја најдете, можеби тогаш кога најмалку очекувате.rnrn
rn
6. „Не можам“
rnАко се откажете уште пред да започне трката секако дека нема да стигнете до целта. Не смеете да си го правите тоа самите на себе. Со такви мисли вие станувате најголемите непријатели на себеси.rn
7. „Животот не е фер“
rnКажете им го тоа на гладните, сиромашните, на бездомниците. Погледнете се во огледало. Да, понекогаш животот знае негативно да ве изненади, но вие сте оние кои можат да го извлечат најдоброто од него. Жалам што ќе мора да ви кажам, но животот не е совршен, ниту пак некогаш ќе биде, но навистина е огромен дар.rn
8. „Го мразам моето тело“
rnВие сте привлечни и прекрасни. Движете се со позитивна енергија и разубавувајте им ги животите на оние околу вас. Никој не е совршен и доколку не научите да се сакате себеси, никогаш нема да бидете задоволни од вашето тело.rn
9. „Посакувам да бев како него/неа“
rnЉубомората е ужасна особина и голем непријател. Не споредувајте се со другите, не може да знаете како е да бидеш во нечија кожа, и ако сте завидливи бидејќи некој добил нешто што вие сте го сакале можеби е корисно да помислите колку тој/таа вложил/а труд во тоа.rnrnНаместо да се трудите да бидете нечија копија, потрудете се да бидете најдобрата верзија од себеси.rn
10. „Претешко е“
rnДа, трчањето или пливањето маратон е тешко. Доколку се наоѓате пред голем предизвик бидете среќни, имате можност да работите напорно за подоцна да уживате во успехот.rn
11. „Не можам никому да му верувам“
rnСекој бил повреден на некој начин, но тоа не значи дека треба да кренете раце од целото човештво. Постојат личности кои ја заслужуваат вашата доверба и љубов, затоа бидете отворени за таа опција. Не бидете лековерни, но не градете ѕидови околу себе.rn
12. „Најдобро ќе биде да се откажам“
rnСетете се на некоја заразна игра која сте ја играле подолго време. Колку пати изгубивте? Колку пати кликнавте „продолжи“? Истото направете го во вашиот живот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.