Ќе се соочите со секакви искуства додека сте на факултет. Тоа е навистина важен дел од вашиот живот, па очекувано е да сакате да направите и некои промени пред да го започнете ова патување. Можеби отсекогаш сте сакале да научите некој нов јазик, да учите во странство или да се занимавате со некој спорт, но досега сте немале време за ова. Постојат повеќе промени што не треба да ви е страв да ги направите оваа академска година, бидејќи не е само Нова година време за нови почетоци.rnrn
rn
1. Испробајте нов стил
rnИма нешто освежувачко во тоа да ја започнете новата академска година со нов стил. Ќе запознавате нови луѓе и ќе се вклучувате во разни активности на факултет, па не плашете се да го промените вашиот стил. Пробајте нешто ново и видете како ќе помине.rn
2. Променете ја вообичаената рутина
rnВо средно најверојатно сте ја следеле истата утринска рутина секој ден. За среќа, вашиот распоред е послободен на факултет. Одете во теретана наутро или купете си од омиленото кафе на пат накај факултет. Вие сте одговорни за вашата рутина, па исполнете ја со нешта што ги сакате.rn
3. Приклучете им се на клубовите што ве фасцинираат
rnНемојте да бидете под притисок да се зачлените во истите клубови како и вашите пријатели. Ќе ви биде криво што сте го минувале поголемиот дел од вашето време правејќи нешто за коешто не сте страсни.rn
4. Почнете да слушате нов жанр музика
rnНемојте да мислите дека треба постојано да ги слушате истите песни. Омилените песни секогаш ќе ви го подобрат расположението, но имате многу простор за истражување.rn
5. Променете ја животната ситуација (ако не сте задоволни од неа)
rnТука пред сѐ, мислиме на студентите кои го менуваат градот заради студиите. Но, не го обожаваат сите животот со цимери. Ако сте во ваква ситуација, променете ја и направете го домот што е можно поудобен.rn
6. Сменете ја бојата на косата
rnПодготвени сте за фризурите што ги гледате на Инстаграм? Дајте им шанса и целосно променете го вашиот изглед.rn
7. Проширете го социјалниот круг
rnВашите цимери, луѓето во групата за учење и колегите што ги среќавате на предавањата не мора да ви бидат единствени пријатели. Бидете социјална пеперутка. Можете да имате колку што сакате пријатели.rn
8. Променете го начинот на којшто го гледате успехот
rnУспехот не треба да се заснова само на добри оценки. Можете да го постигнете на многу начини. На пример, доколку научите да медитирате, редовни сте на тренинзите по кик бокс, давате одлични резултати онаму каде што одите на пракса или им помагате на пријателите. Можете да бидете успешни во сите аспекти од вашиот живот.rn
9. Променете го начинот на кој им приоѓате на луѓето коишто ви се допаѓаат
rnДајте си мало ветување. Ветете си дека повеќе нема да си ги чувате чувствата за другите во кафез ако знаете дека се вистински. Никогаш не знаете, можеби некоја личност што ви се допаѓа чека вие да ѝ прозборите.rn
10. Променете ги целите за кариерата
rnКариерата што сакате да ја градите ќе биде под големо влијание од вашите професори, колегите и праксата. Не плашете се да го промените патот по којшто сте тргнале, бидејќи сега е време кога учите сè.rn
11. Додајте нешто ново на листата работи што сакате да ги направите
rnЌе сретнете толку многу луѓе на факултет. Тие ќе ве предизвикаат да размислувате и да сонувате големо. Најверојатно ќе се рефлектираат на вашата листа со нешта што сакате да ги направите. Не заборавајте, само небото ви е граница.rn
12. Променете го начинот на кој го минувате слободното време
rnВашето слободно време не треба секогаш да биде поминато во гледање на омилените серии. Излезете надвор и откријте некоја нова продавница, графит, кафуле. Истражувајте нови делови од градот. Можностите се бескрајни.rnrnБидејќи секој има лоши денови, недели, па дури и месеци, погледнете како да останете мотивирани на факултет.
