12 одлични начини да го зачините вашиот брак оваа есен

Сподели

Лисјата почнаа да ја менуваат бојата, луѓето почнаа да ги вадат џемперите, времето станува постудено, а можеби дури сте слушнале и некоја божиќна песна. Знаете што значи ова – конечно пристигна есента! Ова е една од најромантичните сезони, па сега е совршено време да го зачините вашиот брак. А еве како да го направите тоа.rn

Реклама

1. Направете некој нов есенски рецепт

rnНа Интернет можете да пронајдете безброј есенски рецепти кои можете да ги пробате. Готвењето со вашиот партнер ќе ви биде неверојатно забавно, а можеби ќе откриете и ваш „семеен рецепт“ кој ќе им го кажувате на децата и внуците.rn

2. Посетете некое опседнато место

rnСекој град си има свои приказни за опседнати куќи. Па, во духот на Ноќта на вештерките, распрашајте се за легендите од вашиот град и посетете некое од овие места. Ова е одлична идеја за паровите кои сакаат да пробуваат нови работи.rn

3. Украсете го домот

rnВнесете ја есента во вашиот дом. Одете во некоја продавница и набавете „есенски“ украси, или пак искористете ги паднатите листови и направете нешто сами. Украсувањето е одличен начин да работите заедно и да се зближите како пар.rn

4. Направете филмски маратон

rnЗарем има нешто поубаво од тоа да се гушнете со вашиот партнер под некое ќебе, да пуштите некој страшен филм и да јадете пуканки додека надвор врне? Најверојатно не.rn

5. Одете на пазар

rnВкусете ја есента! Ова годишно време е богато со овошје и зеленчук. Можете дури да се обидете да направите и зимница.rn

6. Направете тест за топло чоколадо

rnТоплото чоколадо им е омилен пијалак на повеќето во текот на зимата, па зошто да не го откриете совршениот рецепт на време? Експериментирајте со вкусовите и пронајдете го најдобриот.

Продолжува на следната страница…rn

Популарно

Може ќе ве интересира