rn
7. Пишувајте си љубовни пораки и читајте ги покрај оган
rnВремето сè уште не е премногу ладно, па искористете го за кампување. Земете неколку ќебиња, запалете оган, читајте си ги љубовните пораки, разговарајте за животот, земете и некое шише вино и едноставно бидете заедно. Овој состанок е речиси бесплатен, но времето поминато заедно е бесценето.rn
8. Одете на планинарење
rnЕсента е прекрасна, па искористете ги неверојатните пејзажи и поминете време во природа. Можете да планинарите или пак возете се низ некој живописен предел. Ова ќе ви биде еден од најромантичните состаноци.rn
9. Изгледајте некој спортски натпревар
rnИ да не сакате спорт, гледањето спортски натпревар во живо со вашиот партнер ќе биде навистина забавно. Откријте кога игра некој клуб од вашиот град и навивајте на цел глас.rn
10. Исполнете ги ветувањата од Нова година
rnАко сте ја заборавиле листата на ветувања од Нова година, сега е вистинскиот момент да ѝ се посветите. Имате цели 3 месеци да ја прочитате книгата која сте сакале, или пак да го изгубите вишокот килограми. Никогаш не е доцна.rn
11. Почнете заедничка физичка активност
rnКога сме кај ветувањата од Нова година, есента е полна со вкусни јадења кои често резултираат со по некој вишок килограм. Еве ви одлична причина да се вклучите во некоја физичка активност со вашиот партнер. Ќе ви биде многу позабавно отколку да вежбате сами и речиси сигурно ќе постигнете резултати.rn
12. Гушкајте се повеќе
rnУживајте во есенската атмосфера, во забавите и во одличното расположение. Но најважно од сè – уживајте со вашиот партнер. Поминувајте повеќе време во гушкање, бакнување и разговарање.

