КАФЕ ПАУЗА

12 лесни начини на кои можете да помогнете во зачувување на природата

12 лесни начини на кои можете да помогнете во зачувување на природата

Written by

in

,

За зачувувањето на нашата околина не се доволни малите промени кои може да ги направиме сите, но тие секако ќе помогнат во процесот. Секој мал чекор напред, колку и да изгледа незначаен, прави разлика. Еве кои чекори може да ги преземете уште денес за да помогнете при зачувување на нашата природа.rnrn12 лесни начини на кои можете да помогнете во зачувување на природатаrn

1. Пазарете на старо

rnВо природата се испуштаат околу 23 килограми штетни гасови за време на правењето на само еден килограм ткаенина. Сега размислете за сите оние парчиња облека кои сте ги фрлиле во минатото само затоа што не сте биле сигурни дали некогаш ќе ги облечете.rn

2. Не користете чај во кесички

rnНеодамнешно истражување покажува дека кесичките за чај во себе содржат милијарди микроскопски пластични делови. Тоа не е здраво ни за околината, ни за вас.rn

3. Користете батерии на полнење

rnОва може да ви заштеди пари, но и да помогне во зачувувањето на околината. Имено, киселината која се наоѓа во обичните батерии ја оштетува почвата на која ќе биде фрлена.rn

4. Купете отпаден сад за вашата мачка кој се разградува

rnПовеќето садови за отпад кои се користат за мачките се направени од материјал кој не се разградува. Најдете таков што лесно се разградува во почвата.rn

5. Користете стари закачалки

rnДоколку имате премногу закачалки, не ги фрлајте, туку зачувајте ги за да ги користите подоцна.rn

6. Намалете ја светлината на мониторот

rnСо едноставното намалување на светлината на мониторот од 100% на 70% вие заштедувате електрична енергија, а нема да забележите голема промена.rn

7. Јадете како вегетаријанец барем еднаш неделно

rnЗа да се произведе помалку од еден килограм телешко месо потребни се околу седум килограми житни растенија. А, значаен дел од месото кое го јадеме се добива од животни кои се одгледуваат само за таа потреба.rn

8. Перете ги алиштата во постудена вода

rnЗа да заштедите енергија, можете да ги перете алиштата на послаба температура, а за да заштедите вода, перете повеќе алишта истовремено.rn

9. Исклучете ги електричните уреди од штекер

rnИсклучете ги уредите од штекер секогаш кога не ги користите. Тука станува збор за телефонот, лаптопот и малите кујнски уреди кои трошат малку енергија кога се вклучени во штекер дури и кога не се користат.rn

10. Заменете ја слушалката за туширање

rnМодерните слушалки за туширање трошат значително помалку вода од постарите модели. Инвестирајте во нов модел кој подобро ја распределува водата.rn

11. Одбегнувајте да користите запалки

rnЗапалките се направени од пластика и имаат гас кој ја оштетува почвата. Наместо тоа, користете кибрит.rn

12. Набавете четка за заби направена од бамбус

rnСекоја година се фрлаат околу 4 милијарди пластични четки за заби. Наредниот пат кога ќе ја обновувате вашата четка, купете бамбусова бидејќи бамбусот се разградува.rnrnЧестопати не сме свесни колку ја оштетуваме природата, па затоа прочитајте и за овие 8 утрински навики кои се штетни за околината и како истите да ги промените.