12 активности со коишто ќе го направите светот подобро место за живеење

Сподели

rn

Реклама

7. Волонтирајте како постара сестра или постар брат

rnДоколку имате помал брат или сестра, поминувајте време со нив. Вашето позитивно влијание може да биде клучно за нивниот развој.rn

8. Засадете дрво

rnАко сакате да минувате време на отворено, тогаш обидете се со садење дрва. Без разлика дали ќе засадите едно или стотици, ќе ѝ направите услуга на природата. Можете да садите во вашиот двор или да се распрашате за акции за пошумување.rn

9. Поставете мала бесплатна библиотека

rnМожеби имате видено дека низ некои големи градови ширум светот постојат вакви мали библиотеки. Можете да поставите мала кутија со книги во вашиот двор и бесплатно да се разменувате со соседите.rn

10. Организирајте размена на облека

rnАко гардероберот ви изгледа преполн и сакате да пробате нешто ново, обидете се со размена на облека. Поканете неколку пријатели, кажете им да донесат облека што не им е потребна и што би сакале да ја заменат и направете си забава.rn

11. Испратете цвеќиња на некого

rnИспраќањето цвеќиња на личност која постигнала нешто или ѝ е роденден е гест што секогаш се цени. Но, навистина ќе разубавите нечиј ден ако му купите цвеќе без некоја причина, само затоа што сте се сетиле на него.rn

12. Купувајте од мали бизниси

rnНа малите продавници, семејните ресторани и независните бизниси понекогаш им е тешко да се справат со огромните синџири. Ако сакате да ги потрошите вашите пари на место каде што ќе направите разлика, почнете да купувате од малите независни бизниси. Пробајте го ова некој период и кој знае, можеби навистина ќе ви се допадне.

Популарно

Може ќе ве интересира