Дали ви се случило кога прв пат сте се нашле во кревет со некоја личност, да се чувствувате како тоа да е поразлично од сè што сте искусиле досега? Можеби не сте сакале да кажете никому за ова за да не ја уништите магијата и страста. Но, токму ова е разликата помеѓу сексот за една вечер и сексуалната сродна душа. Сексот со сродната душа не може да се влоши, а привлечноста никогаш не исчезнува.rnrn
rnrnПричината е поврзаноста што ја чувствувате со оваа личност. Дури и кога сте целосно облечени, сексуалната хемија помеѓу вас постои. Па погледнете ги знаците кои покажуваат дека сте ја пронашле вашата сексуална сродна душа.rn
1. Не ви се излегува
rnДоколку ги откажувате сите планови за излегување и повеќе сакате да останете во кревет, тоа е јасен знак дека оваа личност е вашата сексуална сродна душа.rn
2. Знае што да прави без да му кажувате
rnСексуалната компатибилност е неопходна за задоволството, а сексот со сродната душа гарантира задоволство. И двајцата знаете што сакате и што ви е потребно за да го достигнете врвот.rn
3. Комплименти
rnДоколку партнерот сака да ви дава комплименти во креветот, но и надвор од него, најверојатно сте ја пронашле сродната душа.rn
4. Несебичност
rnКога сте со оваа личност, не ви е потребна причина да глумите оргазам или задоволство. Вашата сексуална сродна душа секогаш ќе се погрижи за вашето задоволство, дури и на сметка на нејзиното.rn
5. Ве возбудува неговиот допир
rnКога помеѓу вас и партнерот има посебна хемија, доволен е само еден допир за да се почувствувате возбудено.rn
6. Ниту една вечер не поминува без допирање
rnНајверојатно не можете да ги тргнете рацете од оваа личност. Вашите инстинкти се поврзани со допирот и вие точно знаете како да го употребите.rn
7. Се чувствувате навистина пријатно
rnКога сте со оваа личност, исчезнува секој ваш комплекс во врска со физичкиот изглед. Се чувствувате пријатно и удобно кога сте заедно, без разлика во која положба.rn
8. Сакате да пробувате нови нешта
rnСекој има свои желби, а кога сексуалниот партнер е вашата сродна душа, експериментирањето ви е навистина забавно.rn
9. Другите ја забележуваат хемијата помеѓу вас
rnРечиси секој околу вас може да ја забележи привлечноста. Доколку вашите пријатели коментираат за тоа, бидете сигурни дека сте ја пронашле вашата сексуална сродна душа.rn
10. Не сонувате за други луѓе
rnТолку сте среќни задоволни од оваа личност, што немате сексуални фантазии за никој друг.rn
11. Секогаш знаете дека сте сигурни
rnПокрај љубовта што ја споделувате, знаете дека доколку сакате да престанете во кој било момент, оваа личност ќе ве послуша, и тоа без прашања. Не може да постои здрава врска без доверба и сигурност, особено кога станува збор за сексот.rnrnПогледнете и кои се видовите сродни души што ќе ги сретнете во текот на вашиот живот.
