Секоја девојка се нашла во ситуација кога воопшто не можела да го разбере своето момче. Познат ви е оној момент кога тој изгледа сосема мирно додека гледа низ прозорецот на автомобилот? Вие гледате дека има нешто чудно во неговите очи или несвесно намуртување на лицето, но сепак не знаете што се случува во неговата глава. А потоа го прашувате „Што ти стана?“, а тој ви одговара „Ништо“. Е па драги дами, конечно дојде денот кога ќе ви откриеме што всушност се крие зад овој негов одговор.rnrn
rn
1. „Долго размислувам и таа одеднаш ќе ме прекине“
rnПонекогаш сме тивки и замислени и знаеме дека ќе ни го постават тоа прашање. А потоа следува караница за тоа дали ние навистина можеме да размислуваме „за ништо“ или не.rn
2. „Морам да смислам добар план за вечера“
rnКога сме гладни ќе ви го предложиме нашиот втор омилен предлог за јадење, на кој нема да се согласите. Тогаш ќе ја предложиме нашата омилена храна и опцијата да ја земеме за дома или да ја изедеме по пат. Ако одговорите на сите три предлози со „не“, ние веднаш ќе заминеме и ќе го јадеме она што сме го намислиле.rn
3. „Тој облак личи на задник“
rnЕдинствената причина зошто не сакаме да ви кажеме на што мислиме е бидејќи тој момент поминал. Па дури и да ви кажеме, вие ќе помислите дека насекаде ги гледаме само женските атрибути. Па, одговорот е „ништо“.rn
4. „Еден ден во школо кога Ристе ги соблече панталоните пред целиот клас, а ние (заедно со професорот) се смеевме на цел глас“
rnДенес поразлично би ја доживеале таа ситуација и би се однесувале како што прилега. Сега пораснавме и работиме, но тој ден никако не можеме да го заборавиме.rn
5. „Сите мислат дека летањето би била најдобрата супермоќ, но навистина би било подобро кога би можеле да го замрзнеме времето“
rnНие би го искористиле за да спиеме по цел ден. Мажите не сакаат да ви кажат дека размислуваат за тоа, бидејќи нивното срце ќе се скрши кога ќе слушнат дека им кажувате дека се однесуваат како незрели деца.rnrn
rn
6. „Како Џон Меклејн би се снашол во секоја ситуација?“
rnВо секој момент работите може да тргнат на лошо, исто како во сцената од филмот „Умри машки“, а ние треба да размислуваме за тоа како би ги средиле сите проблематични ситуации. Ако мажите во поголемиот дел од своето време размислуваат за секс, во остатокот од времето размислуваат за тоа како би се бореле простив терористите.rn
7. „Слично на тоа, како би се бореле ако настапи апокалипса“
rnАпокалиптичната ситуација исто така поттикнува многу размислувања. Вистинско време е да се разгледа дали зградата во која живееме би била добра тврдина за заштита од зомбите.rn
8. „Колку си убава“
rnОва звучи како клише и многупати мажите ја користат оваа реченица за да се извлечат од некоја ситуација. Но сепак, понекогаш таа е навистина искрена. Од друга страна пак, никогаш нема да можете да докажете за што тие размислувале.rn
9. „Размислуваме дали е паметно да одиме во вашиот тоалет или не“
rnДали може да издржиме уште малку или не? Дали може да издржиме до својата куќа и да ве спасиме вас (вашите цимерки/браќа/родители) од она што се спрема? Мажите прават сложена листа во својата глава која би им помогнала во оваа сложена ситуација.rn
10. „Нешто буквално необјасниво“
rnСте нè затекнале со прашањето среде неповрзани мисли што е воопшто незамисливо да објасниме за што станува збор. Ве молиме, не терајте нè да објаснуваме.rn
11. „Искрено не се сеќаваме“
rnНие сме сонувачи и зборот „ништо“ звучи подобро отколку губењето време за објаснување дека нашиот мозок моментално се блокирал.