Љубовните врски се доволно тешки сами по себе, па уште и ако тој живее во друга земја далеку од вас, разбирливо е да се чувствувате крајно беспомошно. Колку и да ви е цврста врската и да си верувате еден на друг, нормално е во тешки периоди да се јават сомнежи околу тоа дали можеби ве изневерил, дали му недостасувате и дали уште ве сака исто колку и првиот ден. Најтешко е тоа што не можете да го видите и гушнете кога ќе посакате и често се чувствувате осамени и имате потреба од внимание. Се плашите дека изреката „Далеку од очи, далеку од срце“ е вистинита и стравот од тоа дека неговите чувства ќе избледат поради тоа што не се гледате е секојдневно присутен. Меѓутоа, секогаш кога вашата врска ќе се најде во тежок период и ќе сакате да кренете раце од сè, запаметете ги следниве неколку работи…rnrn
rn
1. Му недостасувате повеќе отколку што признава
rnМожеби тој не се лигави и не ги искажува емоциите толку отворено, но тоа не значи дека не мисли на вас. Оваа ситуација е тешка и за него исто како и за вас.rn
2. Не мора да биде сè совршено кога ќе дојде да ве посети
rnТој само сака да ве види и тоа е доволно. Немојте да се оптоварувате со тоа да испланирате еден куп работи, туристички прошетки и излегувања. Тоа е сè убаво, но тој е тука пред сè да помине време со вас.rn
3. Нормално е дека ќе наидете на некои разочарувања во врската
rnОд милион причини работите може да не излезат онака како што сте очекувале. Тој можеби нема да може да дојде за вашиот роденден или вашата годишнина ќе треба да биде прославена преку повик на Скајп, но немојте да губите надеж. Имајте го на ум следново…rnrn
rn
4. Убавите моменти ќе надоместат за сите пропуштени работи
rnСите месеци што не сте ги поминале заедно ќе ги преживеете во неколку денови или недели. Секогаш кога ќе се видите, ќе си поминувате незаборавно. Секое сеќавање што ќе го создадете, ќе биде вредно за паметење.rn
5. Не значи дека тој се гледа со некоја друга само затоа што сте далеку
rnМногу лесно може да се исплашите дека тој води двоен живот. Но, повеќе од веројатно е дека ништо не се случува и дека сè е во најдобар ред. Довербата е многу важна за која било врска, а ова уште повеќе важи ако се работи за врска на далечина.rn
6. Имајте на ум дека авионските билети се скапи
rnАко очекувате дека ќе се гледате секој месец, имајте предвид дека тој план лесно може да се сруши на милион парчиња. Освен ако не работите во авионската индустрија (или самите поседувате авион), оваа инвестиција може многу брзо да ги потроши сите ваши заштедувања. Планирајте ги летовите однапред, ако не сакате да останете без скршен денар.rn
7. Секси пораките се секогаш добредојдени
rnАко некогаш си помислите: „Дали е сега добар момент да му пратам секси порака?“, одговорот е секогаш „да“. Секогаш, без исклучок. Нормално е дека сексуалниот живот не ви е баш најсјаен, но можете да ја разгорите страста со една едноставна и разиграна секси порака, која ќе му ја заскокотка фантазијата и ќе направи да не може да мисли на ништо друго освен на вас.rn
8. Тој е подготвен да прави некои романтични работи за вас, но си има свои граници
rnМожеби секоја вечер заспивате заедно на Вајбер или гледате заедно филм преку Скајп, но голема е веројатноста дека тој нема да ве носи со себе на телефон кога ќе излезе со колегите од работа за да можете да ги запознаете сите негови пријатели. Тој би сакал тоа во живо да го направите.rn
9. Ништо не е премногу кога станува збор за врска на далечина
rnКога сте далеку еден од друг толку долго време, нема шанси да му досадите или да претерате со пораки. Не размислувајте дали да му пратите по некоја порака во текот на денот. Тој ги цени тие мали работи кои му го разубавуваат денот.rnrn
rn
10. Најлошото нешто што можете да го направите е да го игнорирате
rnВнимавајте на ова! Дури и во обична љубовна врска ова е нешто што никако не смеете да го правите, а не пак кога се работи за врска на далечина. Оваа стратегија секогаш постигнува обратен ефект, затоа што тој нема поим што се случува. Ниту еден од вас не смее ни да помисли на ова.rn
11. Проблемите на другите парови ќе ви се чинат глупави и смешни
rnБуквално ќе сакате да ѝ „залепите“ една на другарка ви која се жали дека не се видела со момчето неколку дена.