Оваа поема била анонимно објавена во бар во Лондон. На прв поглед изгледа како нешто што би го напишал тинејџер, но кога ќе навлезете подлабоко во нејзината суштина, наеднаш станува многу позначајна и поинспиративна. На крајот се испостави дека сепак оваа поема била напишана од страна на средношколец – Чени Горкин од Бруклун, Њујорк. Иако не е познато како таа завршила во бар во Лондон, сепак е добро што тоа се случило затоа што им го разубавила денот на многу луѓе, а ние топло се надеваме дека ќе внесе светлина и во вашиот.
rn[message_box title=”” color=”yellow”]
Денес беше најлошиот ден досегаrnИ не се обидувајте да ме убедите декаrnИма нешто добро во секој денrnЗатоа што, кога подобро ќе погледнетеrnСветот е многу злобно место.rnИ покрај тоа штоrnОдвреме-навреме продира малку добринаrnЗадоволството и среќата кратко траат.rnНе е вистина декаrnСѐ е во главата и во срцетоrnЗатоа штоrnВистинската среќа може да постоиrnСамо ако околината е добра кон поединецотrnНе е вистина дека доброто постоиrnСигурен сум дека ќе се сложите декаrnРеалностаrnЕ творец наrnМоето однесувањеrnТоа е надвор од мојата контролаrnИ вие никогаш во милион години нема да ме слушнете да речам декаrnДенес беше добар ден.
Сега читајте од долу нагоре.
[/message_box]
Еве како звучи оригиналот на англиски.

